Филип Петровски

Филип Петровски е роден на 26.06.1993 во Куманово.

Студент е при факултет за музичка уметност во Скопје.

Со својот музички талент ја изразува својата суптилност ,својата харизматична особина, каде со тек на времето неговото душевно изразување,онаа внатрешно врело од емоции се продлабочува и самата креативност во неговото внатрешен свет како што е и неговото прво творечко дело “Светот во световите“составено од збирка раскази,кои едни со други се поврзани ,и даваат една целина од внатрешниот свет на самиот автор т.е Филип Петровски.

“Светот во световите“ е продлабочен духовен растеж ,каде што авторот во неговото дело не води во неговиот амбивалентен свет збогатен со филозофски мудрости опишувајќи го неговиот севкупен начин, и размислување за животот и смртта ,како што и самиот автор вели дека живот и смртта се деца на бессмртноста.

“Смртта

Животот и смртта се деца на бессмртноста.

Тие се заробени во круг кој е во постојано движење,а луѓето се моториката.

Со совладување на секакви мисли и убедувања околу нив, можеме да ја пронајдеме бессмртноста“

Тука авторот во овој расказ не води кон една цел,не води кон неговата вистина,а тое е дека смртта всушност и не постои,дека освен физичкиот свет на постоење постои и духовниот свет,дека душата не умира,таа е вечна и дека таа опстои и надвор од физичкото тело,и дека тука е таа бессмртноста. За самата смрт со векови е како мистерија,дали по самата смрт тука завршува се,или пак не?Многу религии говорат за тоа,како и философијата.

Овдека авторот ни укажува “Тогаш и смртта е жива материја,бидејќи душата никогаш не умира,само завзема друго тело,кое биднува свесно само по себе“

Авторот низ своите мисли и размисли не води кон продлабоченост на нештата како што е опишано во расказот “Ритуал“.

“Ритуал

Посакувањето ако не се исполни-значи не си верувал доволно,верувајте ми.

Но,вербата не само да веруваш-туку и да ја чувствуваш.Да се претопиш со неа и да се соживееш-вербата треба да ја живееш!
Nosce te ipsum!“

Убава поука зарем не?

Овдека ќе се навратам на напишаното од авторот “Посакувањето ако не се исполни-значи не си верувал доволно,верувајте ми.“
Што всушност е верба,зошто таа е толку многу потребна?

Вербата е движечка сила,сила која што е од витално значење на една индивидуа која што треба да ја сфати како неопходно нешто за да некои нешта бидат онакви какви и што се.

Со вербата скоро и да се може се,малку необично,а можеби и нелогично ќе ви звучи но,така е.

Едноставно,и самите сетете се на некои ваши збиднувања,ако не сте имале верба во некоја одредена работа во животот,тоа и не се остварило.За да посакуваната желба се оствари треба да постои верување, дека ќе биде остварена но,ако постои сомнеж,страв дека нема да се оствари,дека вие не сте доволно способни во тоа,така и ќе биде.Вашата верба,а вербата не е само збор,збор кој треба да се изговори “да,јас имам верба“и посакуваните нешта како со магично стапче се остварат.Не!Вербата е едно од трите нешта што човекот треба да го има во себе,а тоа е-Верба,љубов и надеж-.

Можеби се сеќавате на филмот “Исус од Незарет“ каде што во една сцена од филмот,кога Исус опколен од толпа верници и негови следбеници каде што една жена скришум ја допре одората која што ја носеше Исус,каде што тој ја почувствува нејзината енергија се сврте накај неа обраќаајќи и се:“Вие веќе сте излекувани.Не ве излекував јас туку вашата верба во мене“

Така и авторот на овој расказ кој преку своето раскажување не води во светот на чистината на мислата,како до неа,како само преку чистина на желбата нештата имаат свој прав тек .

“Со посакување на желби кои не се чисти во својата суштина,по првиот или по вториот пат,тишината никогаш нема да ја отвори својата врата повторно и да навлезете во матрицата на канализирањето на енергијата според вас самите“

Овдека многу убаво се опишани вежбите на учителот (главниот лик во сите раскази) како до совршенството на чистината контролирајќи ги мислите,да се научи како да се слушне внатрешната тишината,и како да се дојде до неа,како да се зајакне концентрацијата и мислите,до менталната хигиена која што тука е особено нагласена.

Духовната естетика на една душа лежи токму во начинот на изразувања на нештата.Начинот со кој читателот ќе се вовлече во сопствена замка,а таа замка е дека не постои време,дека времето и просторот не постојат, и дека се наоѓаат во еден безвоздушен простор,дека лебдеат во самиот Космос ,дека е дел од него,и дека досега биле во голема заблуда на нештата кои не ограничуваат,а ограничувањата не се ништо друго освен не прифаќање на самите себе како една целина.

Ние сме кројачи на сопствените емоции,на заблудата,талкање по апсолутната вистина која е пред самите нас но,не можеме да ја видиме поради нашата несовршеност,а самото совршенство е душата,и кога ќе успееме (барем за миг) да погледнеме со духовното око ќе видиме во каков свет живееме,со каква лага досега сме ја храниле нашата душа,а таа пак заробена во самите нас очајно сака да не разбуди,да ни проговори со сета своја вистина.

Животната енергија која што сите од нас ја поседуваме треба да ја негуваме,а таа иста енергија може да затаи до тој степен на изнемоштеност која доведува до разни болести,безволност,рамнодушност,и многу нешта што негативната енергија која тече низ човекот може да го затруе човечкото тело но,не само човечкото тело туку и целокупниот ментален склоп.

“Сигнализација на чакрите

Сето оваа е еден вид на сигнализација на самите себе си со целиот универзум.Во далечната Индија велат дека пред Бога обичниот живот станува блед,како свеќата што изгледа сјајна во темната ноќ,а станува невидлива пред попладневното сонце.Вистина,прекрасна ексцерпија,потоа ќе ви кажам уште една.“

Верувам дека авторот не случајно спомнува,и има запишано ,односно напишано за енергетските чакри кои се наоѓаат во самиот човек,центри кои ги поседува секој човек но,не и секој знае каде ,на кој дел на телото се наоѓаат тие чакри.Во самиот расказ “Сигнализација на чакрите„ се опфатени сите енергетски чакри.

Самиот збор Чакра во превод би гласило вака:“тркало на светлост“ Таа енергија која сите ја поседуваме го опкружува нашето тело-аура.

Низ својот расказ “Сигнализација на чакрите„не води во светот на енергијата,во светот на енергетските , и би било сосема возбудливо да се запознаете со самите чакри,нивното значење,нивната енергија,местоположба на телото,што во себе носат чакрите,каква е енргија во самата чакра,за што служат чакрите, и зошто е потребн тој проток на енергија во нашето тело,и од таму е самиот наслов на овој расказ “Сигнализација на чакрите“

Посебно место ,и секогаш треба да се обрне внимание на читателот.Да не е рамнодушен кон случувањата кои се случуваат во напишаното. Тој кој што од онаа прочитано треба да биде воодушевен,читањето да не му биде монотоно но,секогаш возбудливо, да се наведе на размисла, буквално читателот да го натера напишаното дело да го прочита во еден здив.

Такво е и оваа дело кое заборува само за себе, и со понатамошното читање се добива впечаток дека приматот на душевен извор потекнува токму во оваа мудрост,во начинот на самото пишување,мисла и размисла. Ова е едно од тие дела, кои треба да се прочитаат во животот, и не само да се прочита, него да се соживее и да се дејствува преку него. Секој кој сака да го има ова дело во своите раце, можете да го контактирате авторот преку својот фб профил – Филип Петровски .

Даница Петровска 19.04.2014.

Дел од книгата “Светот во световите“

- Безвременоста е во секој простор и време.
 
 
Тоа ја прави безпросторна и безвременска, затоа е тешко да ја дофати, можеш само рака да и подадеш и со неа да танцуваш.
 
Енергијата е чиста свест само во сегашниот момент на постоењето
 
Никогаш не сме уморни за она што сакаме да го направиме и, никогаш не сме одморени за она што не сакаме да го направиме.
 
Слатко е кога некој се лути на тебе, но не е воопшто слатко кога некој се лути на себе си, во врска со тебе.
 
- Скромноста е среќа, а пак среќата знае да бидне раскошна - Честопати ги трпиме оние работи, кои никогаш не би ги направиле некому.
 
Бадијала и будалу ќе сум ако потсвеста управува со мене, а свесно се лажам дека е тоа судбината
 
 
Филип можете да го следите на Фејсбук

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот