Зошто секој кој ќе проба дрога не станува зависник?

Прашањето зошто секој кој ќе земе дрога еднаш не станува зависник е многу комплексно прашање, чиј одговор треба да се почне од фактот дека некои луѓе по природа се повеќе импулсивни и/или имаат дисфункционален систем на наградување.

Импулсивноста е дејствување без претходно размислување за последиците на своето однесување или неможност за одложување на долгорочното задоволство со давање предност на моменталните задоволства. Иницијалната употреба на дроги се смета за слободен избор поврзан со импулсивноста. Зависниците постепено ја губат контролата над однесувањето врзана со набавување и употреба на дрога, кое однесување станува компулсивно, а компулсивно наједноставно кажано е неможност да се прекине со започнатата акција или дејствување.

Системот на награди или “центарот на хедонистичкото уживање“ може да се активира со акции кои се природно наградувачки како уживање во добра храна, интелектуално достигнување или оргазам. Овие активности може да се сметаат за некој вид на природни награди. Ваквиот вид на природна стимулација се постигнува со цела низа на природни супстанции и така мозокот го добива својот морфин, марихуана, никотин, кокаин и амфетамин.

Сите дроги водат до зависнот, го зголемуваат допаминот во системот за наградување, кој е главен невротрансмитер за хедонистичко уживање. Допаминот е исто така поврзан и до мотивацијата, а мотивацијата е да се дојде до дрога. Изложени на активности кои не се врзани за набавка и употреба на дрога, зависниците стануваат повлечени и рамнодушни. На подолги стази не е наградата во дрогата, туку во очекувањето на таа награда, па тоа станува главен мотиватор на личноста. Односно, допаминските неврони престануваат да реагираат на примарните поттикнувачи (дрогата) и реагираат на условните стимуланси (гледањето дрога). Тоа значи дека самата глетка на дрогата доведува до лачење на допамин.

Како се завива зависноста?

Дрогата има незгодна карактеристика да ги заобиколува природните невротрансмитери и да доведува до лачење на допамин на начин кој е експлозивен и доведува до поголем степен на задоволство во однос на природните стимуласи. Често се опишуваат ефекти на дрогата од зависниците како “огромна среќа, еуфорија и состојба на спокој“ и наведуваат дека во секојдневниот живот низ обичните ситуации не можат да постигнат такви “возвишени“ состојби. Но, за разлика од природните супстанции, дрогата менува одредени структури во мозокот. Тоа значи дека веројатно само првата доза ќе биде најдобра и без “казна“. Веќе со втората конзумација личноста потенцијално влегува во светот на дрогата.

Некои современи истражување укажуваат дека луѓето кои развиваат зависнот се најчесто луѓе кои имаат помалку активен допамински систем, што значи секојдневните ситуации не им даваат доволно задоволство, затоа бараат дополнителни начини на кои можат да го зголемат лачењето на хормонот на среќата. Често за нив се кажува дека се “гладни за стимулација“.
Најчесто луѓето не земаат дрога само еднаш. За тоа има повеќе причини. Имено, најчесто се наведува интеракција на повеќе фактори:

- Генетика, доколку некој во семејството имал прогблем со зависности

- Карактеристики на личноста, ниска толеранција на фрустрација, наклонетост кон краткотраен хедонизам, емоционална незрелост и нестабилност, пасивност, нарцизам, отуѓеност.

- Присуството на уште некое пореметување кое за да се ублажи доведува до создавање на зависнот - депресија, панично растројство, растројства на личноста како што се антисоцијални, нарцисоидни и гранични.

- Дисфункционални семејни односи - нездрава семејна динамика, насилство во семејството.

- Лошо влијание на социјалната средина - употребата на дроги може да биде поттикната ако резултира со одреден статус или одобрување од околината.

- Неадекватни стилови за надминување на проблемите и стресот.

- Трауми од детството.

Принципот на функционирање на дрогата е таков што таа со своите ефекти доведува до ублажување на непријатните состојби како болка, депресија, анксиозност и дава краткотрајно чувство на задоволство. Бидејќи човекот по природа е таков да тежнее за намалување на болката и страдањето, а да има потрајно и поголемо чувство на среќа, тогаш формулата за создавање на зависност е прилично јасна, односно не е тешко да се утврди што е тоа што не тера да земаме и понатаму.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот