Зошто не треба да им верувате на драматичните временски прогнози

Овие денови и недели имавме прилика да прочитаме и слушнеме одредени драматични временски прогнози за тоа какво време нѐ очекува. Според познатиот метеоролог Џејмс Спан тоа се обични глупости на кои не треба да им се верува.

“Кога ќе прочитате драматични најави кои се однесуваат за период подолг од 7 дена бидете сигурни дека не е вистинити“, објаснува Џејмс Спан.

Тој објаснува дека со одредена точност можат да се предвидат метеоролошките услови за период од најмногу 5 до 7 дена, а прецизна прогноза можна е само за 24 до 72 часа, односно три дена.
“Се подолго од тоа не може да се земе сериозно“, вели Спан.

За период од помалку од 2 недели може да се предвиди приближно дали температурата ќе биде над или под нормалната и тоа е се.

Експертите велат дека и многу страници на интернет објавуваат вести без никаква стручна позадина или потврда со факти. Да биде уште полошо, ваквите драматични информации често внесуват паника затоа што брзо се шират на социјалните мрежи.

“А штетата е двојна. Кога ваквите прогнози нема да се исполнат, луѓето ќе ги обвинуваат професионалните метеоролози кои всушност не се криви затоа што не стојат зад ваквите прогнози“ (значи руските метеоролози кои стоеја зад тврдењата за поларни зими предходниве години не постојат, н.з.), објаснува Спан и додава да размислите два пати пред да споделите нешто вакво на интернет.

Затоа не верувавајте баш во се што ќе прочитате и запомнете дека ако прогнозата е за период подолг од 5 до 7 дена не верувајте.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот