Зошто не можете да ја сликате Ајфеловата кула навечер

Со оглед дека Ајфеловата кула е изградена далечната 1889-та година таа е во јавна сопственост и можете слободно да ја фотографирате како ја држите од далечина и потоа да купите евтини сувенири од неа за семејството. Но ноќе? Е ноќе е башка приказна.

Ноќе, кога ќе се пуштат светлата од на оваа градба, таа станува уметничко дело. Како? Лесно. Поставеноста на светлата е уметничко дело и за репродукција во форма на фотографија треба дозвола од уметникот.

Што значи тоа за тебе? Накратко дека не смееш да се курчиш со фотографии од Ајфеловата кула навечер дури и на социјалните мрежи.

Целото ова што го кажавме погоре го срочува и Димитар Димитров (името може да е лажно, не знаеме, не го прашавме него ние туку само препишуваме од странски сајтови) кој е експерт за европски закони при Викимедија. Тој вели - Светлосните ефекти на Ајфеловата кула се заштитени со авторски права. И ние му веруваме.

Овој донегде занимлив податок може да се најде и на официјалниот сајт на Ајфеловата кула каде што е нагласено дека денски можете да ја фотографирате кулата како сакате ама навечер, кога ќе се осветли мора да имате дозвола за сликање.

Сепак ова не е единстен ваков случај, па многу европски градби се заштитени со авторски права и е невозможно да ги сликате легално. Така на пример во Романија, Словенија и Бугарија (јака Европа) дозволено е сликање на јавни објекти доколку сликите не се наменети за продажба. За разлика од нив во Обединетото Кралство, Холандија и Германија можете да се сликате колку сакате и да ги поставувате сликите каде ви е желба.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот