Зошто мажите потешко ги доживуваат настинките, според науката

Терминот “машки грип“ е еден вид на навредлив израз на состојба во која маж фатил настинка и се жали дека умира и почнува да пишува тестамент затоа што му тече носот. Но според истражувањата на американски истражувачи можно е мажите потешко да ги поднесуваат настиниките поради естрогенот т.е. недостатокот од него.

За да видат како вирусот се размножува кај мажи и кај жени научниците користеле иста настинка и го мереле развивањето на вирусот во делот кој најмногу го напѓа - носот.

Истражувањето на Џонс Хопкинс Универзитетот за цел имало да испита дали естрогенот има некакво влијание на вирусот. Овој хормон е воглавно задолжен за развојот и регулирањето на женскиот репродуктивен систем, но има и важна улога при развојот на кај младите мажи. Научниците ги интересирало и зошто мажните многу повеќе патат од настинките.

Според нивните заклучоци естерогенот во овој случај делува како еден вид на антивирус и ги убива вирусните келии со што го спречува нивнот ширење кај организмот кој е домаќин на заразата. Недостатокот на естроген кај мажите прави погодна средина за побрз развој на вирусите.

Се уште не е јасно зошто е така, но научниците се сомневаат дека тоа е поради способноста на естрогенот да ја забави можноста на вирусот да се размножува.

Сабра Клејн, авторката на ова истражување, додава дека естрогенот има антивирусни својства и против вирусите на ХИВ, ебола и хепатитис.

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот