Зошто чувствувате мачнина од витамините кои ги пиете

Дали ги пиете своите витамини наутро и ги голтате набрзина со шолја кафе? И после кратко време чувствувате мачнина. Чувството на мачнина е комбинација на неколку фактори и многу често проблем, многу почест кај луѓе кои живеат со забрзано темпо, отколку кај постари лица.

Ако ги правите овие четири грешки при земање на витимини, ќе се чувствувате лошо.

Ги пиете витамините на празен желудник

Земате ли било какви витамини, сите тие можат да предизвикаат иритација на желудникот. Потребни се три или четири часа витамините да поминат низ цревата и тогаш иритацијата и мачнината престануваат. Ако ги земете витамините со оброк, секако дека овој проблем ќе го немате/

Премногу витамини кои иритираат

Можете да се чувствувате лошо и поради витамините кои ги пиете. Витамините Ц, Е и железото го иритираат желудникот. Ако во мултивитамините кои ги земате постои висока концентрација на овие три витамини, а имате проблеми во желудникот, можеби треба да го смените мултивитаминот.

Ќе ви биде мачно ако ја преминувате дневната препорачана доза, а тоа е 75 мг на витамин Ц. 15Мг на витамин Е и 19 мг железо. На некои луѓе може да им биде мачно и ако дозата не е преголема, затоа што имаат чувствителен желудник.

Начин на земање

Може да ви биде мачно и поради начинот на кој ги земате витамините, разликата е дали витаминот се џвака или е во капсула. Облогата околу капсулата спречува витаминот пребрзо да се топи што може инаку да го иритира желудникот. Ако земате обложени витамини и се уште ви е лошо, обидете да се земете некоја друга формула. Ако ви сметаат такви капсули, можеби решението е во таблетите кои се топат во уста.

Премногу витамини растворливи во масти

Тоа се витамините А, Д, Е и К. Кај витамините не се растворливи во масти го нема тој проблем. Затоа што вишокот само ќе го излачите преку урината и тие не оставаат наслаги во телото.

Може да се случи да сте земале премногу и може да ви наштетат. Мачнината нема да престане после неколку часа дури и ако нешто изедете. Ако забележите дека ви е хронично лошо, оставете ги сите витамини и побарајте совет од лекар. Никогаш не земајте повеќе од препорачаната доза, а тоа е 700мг витамин А, 15мг витамин Е и 90мг витамин К.

 

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот