Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

1945-та - нулта година

Сте биле во војна со мноу бивши и сте со многу лузни, веќе мотивно разрушени, а и физички не сте тоа што сте биле поради сето тоа јадење и состојбата на скоро алкохолизам. И барате некого што би се рекло на интернет „Да ве прегрне и да ви ги склопи скршените парчиња“.

Ја склопив Југославија не можам и вас да ве склопувам

Конечно наоѓате личност која има доволно лош диоптер за да биде со вас и почнувате од почеток. Нормално со ентузијазам за иднината, овој пат нема да е како минатите, овој пат ќе изгадиме убав дом за љубовта на нови темели. Иако ќе се покаже дека ентузијазмот е неоснован во оваа фаза и не ви е гајле.

1948-ма - одбивање на Информбирото

Историско “НЕ“ за оние кои ви се мешаат во врската. Категорично па по цена и вие да сте цел на напади ама сами ќе одлучувате што е најдобро за вас! Нема повеќе совети (како што немаше повеќе ни Совети хехе) од другарки, семејство, а и дечкото веќе не мора да се дружи со старите сругари кои лошо му влијаат. Ова е почеток е една нова фаза во вашите односи. Сепак има некои работи што треба да се направат за ова да се имплементира...

1948-1956 - Голи Оток и чистка

Тие пријатели, сега веќе поранешни треба да завршат на буништето на историјата. Нормално дека нема да ги пратиш сите оние шо сакаат да се мешаат во врската на изолиран остров да кршат камења цел ден додека добиваат ќотек. Би сакал/а ама не можеш. Затоа можеш да ги блокираш на Фејсбук, Инстаграм, Твитер. Па нека патат копилињата...

1956-1961 - мала изолација

На почеток е супер сами си носите одлуки дали ќе се дебелеете во некој ресторан (по ваш избор, не по избор на бивште пријатели т.е. Имформбирото) или ќе ставате масни наслаги дома на двоседот се додека не можете да дишете од пица и газирани сокови. Следува период кога сфаќате дека не можете баш сами да сте без да се заколите еден со друг. Ви требаат и други луѓе за да не умрете од досада...

1961 - Неврзаните

Веќе сте ок со старото друштво ама уште ви памтат дека сте ги блокирале на Фејсбук, Инстаграм и Твитер па мора да најдете и ново друштво. Се разбира и ова друштво да се врти околу вас. Наоѓате нови пријатели и добро ви оди дружбата. Внесувате нов елан во врската, нови енергии, учите работи кои не сте ги знаеле и сѐ тоа е супер. Но дали може некое ново ниво да се постигне? Се разбира дека може...

1960-ти - Отварање кон западот

И еве го новото ниво. Сега се дружите со сите. Веќе не гледате навнатре кон врската туку сте воглавно насочени кон дружењето со новите пријатели и имате еден период на либерализација. Не си проверувате повеќе пораки едни со други, љубомората попушта, посесивноста исто така.

1968 - Студентски простести

Тука почнуваат кавгите. Се прашувате што станало од вас и како толку сте попуштиле во врската што сте дозволиле да сте повеќе насочени кон дружење отколку кон меѓусебно гушење се додека не можете да функционирате од љубомора. За среќа овие кавги не траат многу.

1970-ти - Почеток на сепаратизам

Веќе не се консултирате за се со партнерот. Си терате по свое, а ако не ве сака како самостоен човек тогаш не ни ја заслужува вашата љубов. Сепак во одреден момент ги средувате приоритетите и сѐ уште сметате дека врската ви е позначајна од вашата слобода па останувате во неа.

1974-та - Уставот од, види чудо, 1974-та

Овде веќе почнува да оди колата низбрдо. Се договарате за поголеми слободи, давање на простор на другиот да се развива како човек и слично.

Како што покажува историјата и сликата нема да функционира

1980-та - Смртта на Тито

Тоа што ве држеше некако заедно е веќе мртво. Се лажете дека тој дух ќе опстои уште некое време, се присеќавате на тоа што ве спојувало, но сепак залудно.

1981-ва - Штрајк на рударите на Косово

Почнуваат и финансиските проблеми. Досега некако се снаоѓавте, што од новите пријатели, што од кредити ама веќе нема од каде. Притиснати сте до ѕид и тука веќе си давате нереални ветувања дека ќе се средите. Дали вака крајот мириса што би рекол Брејк? Да.

1980-ти - Турбофолк и крах

Веќе на двајцата ви е јасно дека е крај и не ви е нешто многу грижа. Затоа „Уфри бригу на весеље“. Излегувате по турбофолк места, се хефтате слободно со други луѓе и не ви е гајле дали некој ќе ве види... Во основа целосен крах иако како пар одите на свадби, крштевки и слични манифестации (интернационални конференции).

1990-та - 14 вонреден конгрес на Социјалистичката партија на Југославија

Морате да видите каде сте, што сте и какви ви се плановите за иднината. Еден од вас Словенија, дојден на кафе со куферите и решен дека е готово. Другиот од вас е Србија решена дека ќе бидете заедно па ако треба и со сила. Спојлер: Нема да бидете заедно.

1990-ти - Хаос

На интернет постирате глупави слики од вашиот партнер/партнерка, ги озбодувате, кога ќе се видите некаде ги гњавите, паѓаат тешки зборови, непристојни пораки во ниедно време. Отворена војна во која губите двајцата.

1995-та - Дејтонски мировен договор

Оваа војна ве исцрпи. И ви го сроза достоинството. Па мора некако да прекинете. Се гледате на кафе и решавате дека нема да има повеќе глупости, доста беше. Што било, поминало. Ги делите работите од заедничката врска (се надеваме дека кучето нема да го поделите на половина) и се трудите да продолжите.

Доцни 1990-ти

Се убедувате неуспешно дека подобро ви е вака сами. Со бившата друга половина правите здраво кога ќе се видите негде, уште со горчина, но времето лечи се.

2010-ти Стабилизација на односите

Уште носите траги од врската, но помина доста време. Не може да се рече дека сте пријатели, но не сте ни непријатели. Понекогаш знаете да направите муабет понекогаш да се игнорирате, но не е страшно. Уште се убедувате дека ви е подобро вака сами.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот