Вовед во Замрок или рокот кој доаѓа од Замбија

Замрокот настанал некаде на почетокот на 70-тите години на минатиот век, во што би се рекло, златните времиња на Замбија после независноста, што го отвора прашањето зошто најдобриот рок секогаш се случува во златни времиња. Како и да е оваа музика е некој спој на рокот на Џими и фанкот на Џејмс Браун, а потоа се инспирираат од хард рокот на Блек Сабат и слични металики. Оваа сцена изроди и некои легенди (Замбиски легенди). Како што врви времето Замбија станува се поавторитарна земја, а со тоа се стега и обрачот околу бендовите кои не смеат да настапуваат навечер. До почетокот на 80-тите сцената ја снемува. Со напливот на поново офоримување на бендови, некои од бендовите се враќаат на сцена во минативе години. Додека не дојдат овде на турнеја уживајте на јутуб.

Rikki Ililonga & Musi-O-Tunya - Dark Sunrise

The Peace - Get On the Way

Amanaz - Green Apple

Ngozi Family - Night of Fear

Black Tears & Strange Dream - Witch

И документарец на темата

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот