Водич за мажи: Како да носиш одело и притоа да изгледаш најдобро

Ако не си баш на „ти“ со оделата и повеќе сакаш обични фармерки и маици, влезот во светот на куостумите може да биде застрашувачки, па понекогаш можеш да го одложуваш тоа со години. Не е толку тешко да изледаш добро во одело, само мораш да знаеп неколку правила. Листата на тие правила не е баш најкратката на светот, но лесно се помни.

Изгледај најдобро што можеш со следново:

Каишот мора да биде релативно тенок и иста боја како и чевлите.

Ова правило не се крши дури и кога ќе најдеш брутално црвенкасто-кафеав каиш од Рудолф.

Носи вратоврска која е потемна од кошулата.

На неа ни случајно немој да ставаш игла за вратоврска која е поширока од неа. Исто така не поминуваат ни вратоврски на лепенки. Носи само вистински вратоврски и научи да ги врзуваш. Најмалку на два јазли. Интернетот ти е пријател.

Ако носиш елек, секогаш откопчај го долното копче. Ако сакаш да седнеш откопчај го сакото, затоа што постои можност да го уништиш – а тоа не го сакаш затоа што оделото сепак не е евтина одблека.

Пожелно е ништо да не ставаш во џеповите на сакото – освен можеби фенси шамивче во предниот џеп. Погрижи се марамчето (pocket square) да не се сложува со вратоврската ни по изборот на материјал, ни по дезенот.

Одиме да ги закоплицираме работите:

- Вратоврската треба едвај да го досегнува врвот од пафтата на каишот. Ни предолго, ни прекратко.

- Должината на сакото? Да се покрие затворачот на панталоните и задникот. Ако имаш сако со две копчиња, горното копче треба да ти падне над или точно на папокот.

- Чорапите треба да бидат доволно високи за да не ти се види случајно влакнестата нога кога ќе седнеш.

Бирај го оделото според тоа колку често ќе го носиш.

Ако го купуваш во продавница – најважно е од се е да провериш како ти прилега на рамената.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот