Водич за девојки: Како да раскинеш со дечкото

Се што е убаво има крај, но погрешно е да се мисли дека само добрите работи во животот имаат монопол над него. Така и секое сра*е еднаш ќе заврши, само што во овој случај на тебе лично останува да го доведеш до крај.

Ако дечкото ти се претворил во лоша работа во твојот живот, тогаш е време кретенот хируршки да се отстрани. А ево како тоа се прави во седум лесни чекори.

Прв чекор - Биди сигурна дека сакаш да раскинеш со дечкото

Дали те обзема гадење во негово присуство? Дали на неговите вицеви превртуваш со очите? Дали смислуваш обврски од типот “ќе го одмрзнувам фрижидерот“ само да те остави на мир? Ако се препознаваш во дел од наведените ставки, или во сите, тогаш е клучно време за раскинување.

Ако не си се уште сосема сигурна, добро размисли: кои негови особини најмногу те нервираат? Секој од нас има точка на пукање. Можеш да го откачиш затоа што повремено го чепка носот. Или фитилот ти е подолг, па ти е потребно малку да скокне во креветот на твојата најдобра другарка да одмори од претходниот ден поминат на видео игри.

Постојат милиони причини дали со некој ќе раскинеш, но при тоа најважно е претходно во главата да расчистиш дали причинита според тебе, држи вода или не. Биди себична: светот е осамено место и еве само што повторно не станал леден и сив. Пред да се осудиш на уште еден период без дечко, барем биди сигурна 100% дека го мразиш до срж.

Втор чекор - Направи да помисли дека раскинувањето е негова идеја

Кога конечно ќе ја донесеш одлуката, наведи го да помисли дека таа иста одлука во суштина била негова. Можеби тој “и онака веќе сто години не е среќен“, или ти си да речеме “спремна за хируршко вадење на венеричните брадавици“ или тој едноставно е “предобар“ за тебе.

Потоа, наведените причини треба да ги претвориш во пократок монолог и уредно да ги ставиш на хартија која ќе ја понесеш со себе каде и да одиш, за да можеш да се преиспитуваш во автобусот или додека малку “го бистриш“ мозокот со ракија во спалната соба на твојот омилен “другар“ кој “моментално не е во градот“.


Трет чекор - Одбери го најпогодното време и место за да го “израдуваш“ со новата одлука

Немој да му праќаш пораки или да го каниш дома - и едното и другото може да доведат до компликации, а тоа никако не сакаме, затоа што, сети се, од неговата близина ти се превртува во стомакот, нели така? Според тоа, добро е да се избере јавно место каде не ќе може да направи сцена. Кафичите се добра идеја, затоа што поради прекумерна употреба на алкохол се опуштаме и се повеќе и повеќе “не заболи“ за него и неговите емоции.

Тоа всушност личи на она време кога само што сте почнале да се гледате и ти си морала да се опијаниш само затоа што не ги била во состојба да го издржиш неговиот продорен поглед, само што сега е обратно - се се враќа, се се плаќа.

Уште еден солиден избор е одење во кино, затоа што така ќе го намалиш ризикот тој да се појави подготвен и да троши време во обидите повторно да те придобие. Вака нема да има поим дека му се спрема шут карта, затоа што, кој психопат, жити се, раскинува во кино? Вестите треба да му ги соопштиш додека уште се пуштаат трејлери и реклами, па тогаш да уживаш во филмот и неговото молчење.

За кое место и да се одлучиш, погрижи се после тоа да те чекаат неодложни работи - најдобро поврзани со некој член на семејството, само за да не мораш од нив да се откажеш, затоа што тој пати.

Четврти чекор - Биди во најдобро издание

Погрижи се да изгледаш доволно добро за да може човекот постепено да се кае поради се што ќе му недостига, но не претерувај затоа што ќе го расплачеш, па тогаш од гледањето со “мама“ после филмот нема да има ништо.

Немој да комплицираш: нашминкај се минимално, облечи фармерки и некоја убава маица која го истакнува најубавото на тебе и така преминот од пријатно раскинување до посета на бабата во домот за незгрижени стари лица ќе биде мазен како твоите нозе кога прв пат ги избричи.


Петти чекор - Раскини со дечкото

Пред одење во кафе бар, кино или спа центар погледи уште еднаш во белешките и малку повтори. Кога ќе стигнеш, добро вдиши и бакни го. Знам од самата помисла на неговата уста по твоето лице, сакаш да му удриш шамар, но сети се дека тука си за да го испратиш во иднина полна со неизвесности и душевни болку за кои тој и не знаел дека може да му се случат. Биди фина.

Налеј некој пијалак, добро вдиши и почни да презентираш се што си подготвила. Треба да делуваш искрено и непоколебливо. Не му давај многу да зборува, затоа што ќе ти ја прекине рецитацијата. Раскинувањето не мора да биде непријатно се додека не ти е гајле.

Шести чекор - Бегај

Буквално, штом завршиш во раскинувањето,трчај. Си се ослободила од тој лузер, вдишуваш воздух со полни гради и се радуваш за се што те чека во животот.

Седми чекор - Совети и препораки

Ако од било која причина, тој уште ти се допаѓа. можеш подоцна да му пратиш порака во стил “Ти благодарам на разбирањето, љубезно од тебе што ги плати картите, пуканките и такси до дома“. Ова ќе ти овозможи подоцна да го викнеш на секс за една вечер кога ќе ти се случи некоја неуспешна вечер.
Треба да знаеш кој тип ти е следна мета пред да раскинеш. Тоа што повремено си кастрирала инаку функционален дечко, не значи дека не заслужуваш љубов и нежност. Сите имаме душа.

Електра Котсони

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот