Водич: Како да го изградиш својот сељомобил од соништата

Автомобилот мора да е што е можно поблиску до земјата

Иако не можеш да го мрднеш после две пива затоа што дополнителниот литар го прави автомобилот неподвижен тој мора да изгледа спортски. Нема врска што е Фијат 1300 од 1976-та. Тогаш се правеа најдобрите автомобили! 

Очекување

Реалност

Надворешен изглед

За уникатен надворешен изгед мора да му се додадат разни линии, змејови, трајболи! Лепенки како ГТИ, АМГ и имиња на брендови се задолжителни.

Ако имаш понов автомобил, не се секирај има и други начини да го изградиш својот сељомобил!

Затемнети стакла

Неважно е тоа што фолијата чини повеќе од автомобилот, стаклата мора да се затемнети за и без да те видат да знаат кој вози. Тоа е статусен симбол околу кој нема компромис!

Озвучување

Каков и да е автомобилот мора да има моќни звучници и минимум радио со цд. Цдата се чуваат во посебна папка над воланот. Музиката секогаш треба да е гласна. Не треба МОРА! Зависи од промилите (затоа што пијан подобро возиш) музиката варира од електро (во папката ти стои потпишано како STRANSKO) кое ти го снимил другар “што се разбира“, до твоите омилени цд-а потпишани како CRPCKO 1, CRPCKO 2, NOBA GODINA 2009. Aко не поседуваш таква колекција повели плејлиста па спуштај и режи!


 

Би можело, а и не мора да ве интересира

Комплетен водич: Како да си сељак

Како да изградиш куќа како сељак

Илустритан водич: Како да си сељак во задгробниот живот


 

Внатрешност

Крзно на волан е задолжително

За украсување на ретровизорот има повеќе опции. Ако си коцкар можеш да ставиш зарови, тоа е класка...

Икона

Половина црква

Можеби нешто практично и вкусно како сланина...

Или наједноставно опинци!

Ако не ти се даваат пари за вакви аксесоари почекај избори и стави миризлив додаток од твојата омилена партија. Тоа е класика!

 

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот