Владимир Набоков: Зошто љубовта е слепа?

Неброен број на пати фразата Љубовта е слепа во романот „Смеа во мракот“ на Набоков е прикажана преку еден лик, но дури во интеракција со другите, ја добива својата целосна смисла.

На прв поглед класична приказна за љубовниот триаголник и брачното неверство – мажот се заљубува во помлада жена – крие подлабоки метафори, секогаш актуелни и на внимателниот читател му открива нешто повеќе од трилер расплет.

Односот Албин и Марго

Албин, главниот машки лик во романот, се додека не ја запознае Марго, се чини дека е чивек без посебна страст во животот. Страст кон било што. Води едноставен живот, фантазира за други жени, оди на работа и живурка.

Марго, малолетна девојка, со весел карактер, атрактивна, но не посебно морална и интелигентна, покренува се заспано во него. Дури во односот до Марго, Албин станува вистински Албин. Страсен и заљубен, желен за се, подлеожен на манипулации, но сепоак одлучен.

Се случува невозможното – мажот ја остава жената поради љубовницата.

Приврзаноста на Марга кон Албин има валкани корени, замаскирана е со блуд, но МАрго е права Марго дури во односто со Рекс, поранешен љубовник и нејзина слаба точка.

Иако без големо животно искуство, МАрго сфаќа една од универзалните вистини. Сексот во овој роман за мажот е задоволство, за за жената прилика. Меѓутоа, секој од ликовите во романот во соочување со избор чии последици се далекусежни и има влијание на другите луѓе, ја бира онаа опција, која неминовно има најмногу можности за постепена пропаст.

Феноменот на љубовното слепило

Иако се чини дека Албин е показател и дефиниција на слепа љубов, делот на Марго во нијансирање на сложени љубовни односи во романот, исто така е нераскинлив дел од љубовното слепило. Нејзиното слепило е предизвикано од Рекс, другиот маж, а Албин е тој кој трпи последици.

Марго, дете и понатаму, далеку е од наивно и невино. Таа не е слепа за последиците на своите постапки и одлуки, уште повеќе, нејзините уцени се прорачунати и добро испланирани, иако под влијание на Рекс. Таа е слепа за болката која ја сее околу себе, а во прв ред, кон недолжното семејство на албин, кон своето семејство, па и кон самиот Албин, кој дури подоцна станува свесен за тоа.

Кратките поглавија и јаснот стил го одликуваат овој роман, што во комбинација со универзалната тема има резулата роман кој секогаш е актуелен, кој плени и се вовлекува во читателот со секоја страна се повеќе во блудната и неморална игра на тројца луѓе во кои е тешко да се одлучи за победник.

Апсурдниот карактер на приказната се добива на самиот крај, каде слепилото од подмотивите станува главен мотив, околу кој Марго и Рекс ја плетат својата валкана мрежа. Иако романот излезе пред скоро 80 години, а мотивите се вечни и повеќепати исцрпени, Владимир Набоков со стил и со речиси трилерски заплет фрла ново светло на темата за љубовен триаголник.

Марго можеби е првата Лолита, неправедно запоставена поради други, но е лик кој понекаде суптилно, понекаде очигледно, е прикажан низ различни агли – љубовница, заљубена жена, пресметлива и ладнокрвна, а дете во основа на се. Иако многумина приврзаноста на Албин може да ја декларираат како педофилија, таа теза би имала смисла ако Албин во неа гледа дете, а не сензуална и еротична жена, која како таква е предмет на неговата љубов и сексуална наклонетост.

Љубовното слепило само е знак на замаглен фокус. Во случајт на Албин, фокусот е на се што Амрго може да му пружи, додека во нејзиниот случај, слепилото е предизвикано од Рекс и желбата за неговата љубов, а не со парите на Албин, како што би можело да му се причини на невнимателен читател.

Контровезноста на личноста, пред се на Албин, па потоа и на Марго, која свесно води материјално, сакајќи да му удоволи на Рекс, горчлив е впечаток, кој останува после читањето на овој роман, Од друга страна, едноставниот стил и интересниот заплет, го рпават ова дело вредно за читање и размислување.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот