Вајс водич: Како да бидеш секси додека се мачиш да се извлечеш од фармерки

Сексот е најдобрата забава. Тесните фармерки не се многу удобни, но се популарни. И поради нив сексот, може да биде помалку забавен и без грешка, невидено помалку секси.. Затоа што е многу тешко да се соблечат.

Знаете веќе како оди, оној момент кога треба да се соблечете, а ти почнуваш да се лутиш на себе си за тие супер-хипер тесни панталони – истите оние поради кои луѓето сакаат да имаат секс со тебе, но некако ти се плеткаат околу зглобовите и не сакаат да излезат. Веќе си во очај, но сепак се обидуваш да ги соблечеш со ножните прсти. Речиси, сега се навистина заглавени и заплеткани. Се смешкаш и правиш гримаси, некако се обидуваш да го направиш оној полусклек додека ги пцуеш тесните фармерки. На крај, сепак дигаш рака од се и одиш да спиеш затоа што веќе не е вредно за трудот.

Дали постои друг начин да се соблечат тесни фармерки? Затоа што, кога човек ги гледа професионалните стрипери, се чини дека тие никогаш немаат таква мака. Дури и кога носат фармерки кои личат на хеланки. Па, како го прават тоа? За да се добие по некој совет, Вајс разговараше со стриперите во клубот Magic Men Australia.

Карлос, 30

Вајс: Здраво Карлос, дали некогаш си имал проблем да ги соблечеш тесните фармерки?

Карлос: Да, сите сме од Мелбурн и носиме тесни фармерки. Но, тогаш, на крај мораш да излезеш од кревет и да ги соблечеш фармерките додека стоиш. Но, да бидам искрен, мислам дека тоа што соблекувам панталони 14 пати секоја вечер во тек на 18 години ме направи експерт. Денес не се мачам.

И во што е тајната?

Не го тргнувај погледот. Кога ги соблекуваш фармерките, или било кои панталони, секогаш гледај ја другата особа во очи. И никако не го свртувај погледот. А потоа, додека се гледате, можеш полека да почнеш да ги соблекуваш панталоните, а тоа да не изгледа чудно. Контактот со очите ти овозможува паметно да го искористиш времето и се да биде многу посензуално. Го свртуваш вниманието од фармерките и насочен си кон партнерот.

Ченинг, 25

Хеј Ченинг, имаш ли некој совет како да се соблечеме од панталоните, а сепак да изгледаме кул?

Полека е секси. Па, ако не сакате да се соблекувате, не брзајте, затоа што тогаш ќе изгледате многу посмотано. Што поспоро ги соблекувате, повеќе ќе сте секси, така и јас правам/ Полно луѓе грешат затоа то брзаат да ги соблечат и во секој момент можеш да се заплеткаш во сопственото стапало.

Што е најлошо што може да се случи додека се соблекуваш, што ако фармерките се заглават околу нозете?

Легнувам и така ги соблекувам. Потоа се вртам додека лежам, се враќам пак во истата положба, да не изгледа намерно. Така се извлекувам.

Џекс, 26

Здраво Џекс, дали некогаш си имал проблеми да се соблечеш од фармерките?

Секако дека сум имал, но научив како да го надминам тоа. Најдобро е да се почне од долу и полека да се оди нагоре, па се извлекуваш долу околу зглобовите и се извлекуваш малку по малку.

Која е најчестата грешка која просечен тип може да ја направи додека ги соблекува панталоните?

Мислам дека најчеста грешка е брзањето. Добар начин да бидеш привлечен за партнерот е да ти помогне во соблекувањето, како да ги водиш со рацете.

Замисли дека едната нога ти се заглавила, па скокаш по собата и едноставно не сака да излезе. Се оди на полошо. Што ќе направиш?

Брзо се би свртил во некоја танцова рутина, можеби и би пуштил музика и би се забавувал. Најдобро е да се брзате, да сте нежни и секогаш да имате насмевка на лицето. Насмевката од се ќе ве извлече.

 

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот