Уште шест причини за оргазам

LELO Светското истражување на сексуалните навики дава дополнителни причини зошто оргазмот добар за нас:

Оргазмот е добар за отсранување на стресот и ублажувањето на болките

Одамна е познато дека оргазмот помага во отстранувањето на стресот и во ублажувањето на болките, тие благотворни дејства се последица на хормонот окситоцин кој се ослободува за време на оргазмот од хипоталамусот во крвотокот и ни помага да се чувтвуваме сакано, оптимистично, самоуверено и безбедно.

Оргазмите стануваат подобри со текот на годините

LELO Светското истражување на сексуалните навики покажа дека само 4% од жените се задоволни со квалитетот и бројот на оргазмите, а само 31% доживува оргазам за време на сексуалниот однос. Меѓутоа со текот на годините тие стануваат позадоволни, па дури 75% од жените постари од 60 години се задоволни од сексуалниот живот и тоа позадоволни отколку порано.

Луѓето кои почесто доживуваат оргазам изгледаат помладо

Др Дејвид Викс, британски клинички психолог испитал 3500 луѓе и открил дека оние кои почесто имаат оргазми изгледаат помладо. Богатиот сексуален живот најмногу влијаел на младоликоста на испитаниците, а анализирајќи ги нивните сексуални навики др Викс открил дека лицата кои доживуваат оргазам четири или повеќе пати неделно изгледаат и до седум години помлади.

Помага да заспиете

Заради окситоцинот и вазопресинот кои се лачат за време на оргазмот, сексот може да ви помогне побрзо да заспиете. Оваа хемикалија се поврзува со лачењето на мелатонин кој го регулира сонот. И секако оргазмот ја ублажува анксиозноста со што ве подготвува за подобар ноќен одмор.

Оргазмот го зајакнува имуниот систем

Според истражувањата објавени во “British Medical Journal” лицата кои доживуваат оргазам два пати неделно живеат и до осум години подолго од останатите. Истражувањето кое опфатило 3000 луѓе покажало дека оргазмот го јакне имуниот систем.

Можете да научите да имате подобри оргазми

Мускулите кои се грчат за време на оргазмот имаат структура слична на мрежата која ги поддржува органите во карличниот дел. Кегеловите вежби го тренираат овој сет на мускули, а помагаат и за воспоставување на подобра контрола на бешиката. Овие вежби можат да им помогнат и на мажите и на жените за поинтензивни и почести оргазми.

Спермата како антидепресив

Истражување на Универзитетот во Њујорк во 2002 година, кое беше многу пренесувано, ама и оспорувано, покажа дека жените кои редовно имаат незаштитени сексуални односи помалку се депресивни. Се покажува дека спермата содржи коктел на молекули кои  шредизвикуваат засилено излачување на естроген, окситоцин, кортизол, мелатонин и пролактин.

 

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот