Учиме да пишуваме со моџо.мк: Буквата В

В на сите начини

Веѓи - нов стил во ликовната уметност

Велигден - раздобје од годината кога за доручек, ручек и вечера имаш јајца

Вазна - прва жртва на фудбал во домашни услови

Вена - наркоманите знаат зошто, како се распадна ЕКВ

Венеција - место да ги асфалтираат улиците им тураат нова вода

Велосипед - збор кој се користи во МАНУ, а означува точак

Вода - најдобар пријател после вечер со алкохол, ко вечера ракију доручкуе воду

Вотка - те тера да мислиш дека знаеш да играш

Вергина - види Кутлеш

Ватерполо - најголем успех на нашиот ватерполо тим е што ни се нема никој удавено

ВМРО - 

Вирус - Порано настинка, денес сите знаат дека гледаш порно на Фејсбук

Вазелин - сѐ оди како подмачкано

Време - универзален лек за сѐ

Видеорекордер - ДВД од 80-тите

Водици - време од годината каде што гледаш видео клипови од нашите во странство како фрлаат крст во гумен базен

Вијагра - се купува со шептење

Вино - дестилат од грозје кој ја крие вистината

Вигор - вотка која кажува дека си студент, се пие во пластична чаша

Вол - обично најстариот син

Воздух - дом на ПМ 10 честички

Вонземјанин - жител на универзумот кој не е роден на Земјата

Реченици за вежбање на буквата В

Вотка, вотка, вотка, вокта, вота, ворка, се врзав во јазикот.

Веселите Весна и Ведран во веледрогерија купија вазелин и Вијагра.

Ватерпослитите се вистински видри во вода.

Вози возот низ Велес.

Вирусна вироза го нападна Владимир.

Верче вози велосипед врз велоспедската патека.

Влатко ги врзува врвците.

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот