Учиме да пишуваме со моџо.мк: Буквата Г

Поими за вебање на буквата Г

Гарант - фраза која означува никогаш

Гарантно писмо - писмо од роднини од странство до амбасадата на земјата во која се евакуирале за да ти помогнат тебе да се евакуираш

Газда - човек кој е заглавен во долгови и има регистрирано фирма, да не се меша со граѓанин кој е човек заглавен во долгови, а нема фирма

Газдарица - жена на газда, нема да се обеси кога газдата ќе се обеси затоа што нема да може да ги исплаќа долговите

Гиро Глигоров - Киро Глигоров напишан со “Г“ наместо со “К' поради брзање

Гол - акција на вметување на топка меѓу стативите, обично кон крајот на второто полувреме за да не си добитен

Гола - обично на други координати од кои си ти

Голден шауер - од американскиот Golden shower, бањско лекување во домашни услови со помош на вода обогатена со витамини и минерали

Град - населба од урбан тип која е административен, општествен и културен центар на селата кои орбитираат кон истиот, ако е поголем го газат тешки опинци

Градоначалник - таткото на градот иако го нема физички тој створено во акт на чин со непозната мајка, често се однесува како очув на градот, а да беше градот вистинско дете ќе му беше одземено

Гром - електрично празнење, да не се меша со ГРОМ, поим кој е поопасен од електричното празнење

Глуп - човек кој не е глуп на начинот на кој ти си глуп

Глупава - единка од женскиот пол која одбива коитус со тебе, според соседите единка од женскиот пол која не се омажила за некој од странство туку се омажила од љубов

Г-точка -

Гласач - статистика, да не се меша со овца

Гласачко тело - збир на статистика, да не се меша со стадо

Говорница - место кое ја собира статистиката, да не се меша со трло

Груевски - во едно значење спасител на Македонија, во друго значење диктатор

Гоблен - слика за тие што немаат реновирано до 1983-та

Гето - онаму каде што синовите на газдата и газдарицата мислат дека живеат

Гангстер - работно место, кога не е на приватен факултет, на оној што верува дека живее во гето

Реченици за вежбање на буквата Г:

Глуп му гугна Горан на Гоки кој го искористи Гугл да го провери зборот.

Граде на Горица и Гиле, газдите на ГоГи 2003 е гангстер од гетото во Гевгелија.

Сјечаш ли се лепи ГРОМе мој.

Голем број на гласачи гласаа за градоначалник губејќи достоинство за масло и 500-че.

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот