Учиме да пишуваме со моџо.мк: Буквата Б

Еволуцијата на Б (латиничното, оти ни беше мака да бараме за кириличното)

Зборови за вежбање

Банана – Не се јаде додека гледаш некој в очи

Брод – Средство за воден транспорт, Македонски

Бранко – Крив за сѐ

Бонови - Алтернатива на монетарниот систем во социјализмот

Бамбус – Храна за панди и алкохолен абортус за тинејџери

Брк – Мустак, гордост на Претседателот на куќниот совет

Бориџини – Абориџини кажано од некој кој има проблем при изговарање на буквата А

Брак – Светиња! СВЕ-ТИЊА!

Бебе – Производ на бракот, нуспроизвод на дупнат кондом

Брат – Неухранет член на семејството


 Би можело, а и не мора да ве интересира

Учиме да пишуваме: Буквата А


Бројлер – Врста на кокошка. Да не се меша со бојлер. Бројлерот не топли вода

Бојлер – Домашен апарат. Да не се меша со Бројлер. Бојлерот не дава јајца

Балет – Форма на уметност, ноќен клуб

Банда – Неформална партија

Боранија - Причина за прескокнување на ручек

Бонд – Џејмс Бонд

БИНГ – Чендлер, Моника, пребарувач кој го користи само Бил Гејтс

Боров четник – Штеточина

Бугарски воз – Воз кој не вози кон ЕУ

Биртија – Нарнија за алкохоличар

Бруцошка забава – Ожени се за три текили за сто денари

Блејзер – Сако, зборот го користат само модни блогерки

Бордовска чорба - Специјалитет кој се јаде само еднаш

Бомба - Реално шоу

Бамби - Мајка и црну вуну преде

Бугарски пасош - Портал за работа во Германија

Банка - Те бараат почесто од родителите

Болница - Гледај да преживееш

Београд - Знам за један град

Реченици за вежбање:

Бјанка и Борис пијат бамбус на балконот

Бранкица го баци бидермаерот кој го фрли Бисера

Бранко е бандит

Брммм брммм брчи Бонде сељакот со BMW-то

 

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот