Учиме да пишуваме: Буквата А

Од денес стартува рубриката посветена на најмалите и најмилите, како и нивните родители/старатели и оние со дупки во образованието. Ќе ве водиме низ магичниот свет на буквите, буква по буква од А до Ш пред да преминеме во фантастичниот и веселиот свет во кои живеат буквите. П. С. За текстот не се консултиравме со педагог па сакаме да се оградиме од евентуалните нуспојави што би можеле да се појават при растот и развојот на вашето дете ако му го дадете да учи од овде.


Историскиот раст и развој на буквата А


“AAAAAAAAAAA” на египетски

Поими за вежбање на буквата А

Амди Бајрам – види Кока Кола
Анал – види Јупорн.цом
Африка – Континент на кој што место Дедо Мраз доаѓа Џек Д Рипер, со второ значење – третокласна турбофолк пејачка од Србија со име Сандра
Антракс – Смртоносен отров, хеви метал бенд
Акстерикс – Поубавата половина на Обеликс
Антартик – Снег
Арктик – Снег на другата страна од светот, спротивно од верувањата не е татковина на Артик Манкис
Авион – Види 9/11
Антиталент – Види ПинкТВ
Азија – Магично место од каде доаѓаат сите предмети
Алабама – Република Српска на америките
Ариевска раса – Не победи во Втората Светска Војна
АјФон – Смртен непријател на Андроид
Андроид – Смртен непријател на АјФон
Америка – Смртен непријател на сѐ што не е Америка. Проклета е
Австралија – Цел жив свет се труди да те убие, луѓето живеат однопаку. Ја мешаат со Австрија
Австрија – НЕ СМЕ АВСТРАЛИЈА
Алкалакс – Чај, не се пие пред излегување
Азно – Годо. Не доаѓа само никогаш
Авганистан – Кумановска колонија
Антиќ – Перо
Амфетамини – Немој
Аронија – Можиш


Сублиминални пораки во Бушава азбука во епизодата за буквата А

Реченици за вежбање на буквата А:


Аеросмит се америчка атракција.
Ана го искина албумот со Арсо.
Ако пуштиш албум од Аца Лукас автоматски добиваш анфалоу и анфренд.
Але од Австралија дојде со авионо?
Автомобилот го паркира кај автомото сојузот или кај аеро клубот?
А?
Алтернативно, апстрактно и авангардно атеље е дом на алтернативната, апстракната и авангардната артистичка елита

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот