Твитер vs. Фејсбук – Нарциси vs. Егоисти

Твитот ограничен на максимално 140 карактери, ви овозможува концизно да одговорите на прашањето “Што правите?“. Претпоставката дека луѓето ги интересираат вашите од момент до момент постови, укажуваат на егоцентризам, грандиозност и премногу придавање значење на себе си, што се клучни нарцисоидни карактеристики на личноста, пишуваат Мек Кини, Дјуран и Кели во истаражувачката студија “Нарцизам или екстровертност – Употребата на Фејсбук или Твитер“.

Се разбира тоа што имате Твитер не значи автоматки дека сте нарцисоидни. Но, доколку се доминантни постовите кои се фокусирани лично на вас или нештата поврзани со вас, во тој случај можно е да имате нарцисоидни карактеристики на личноста. Брус Мек Кини, психолог на Универзитетот во Висконсин, за целите на истражувањето на 200 учесници им дал тест за нарцистички црти на личноста и утврдил корелација помеѓу присуството на нарцистички тенденции и автофокусирани твитови. Интересно е тоа што силните нарцистички тенденции не се поврзани со бројот на следачи, ни со бројот на профили кои личноста ги следи.

Во меѓувреме, научниците сугерираат дека социјалните мрежи, генерално се идеална платформа за поединци со нарцистички црти. Бидејќи сопствениците на профилите даваат можност за во целост да се контролира самопрезентацијата и Фејсбук и Твитер одат во прилог на нарцисот стратешки да ја планира, гради и одржува сликата за себе – за другите. Разликите се незначителни, утврија психолозите од Универзитетот во Мичиген, предводени од Елиот Панек (Панек, Нарди, Конрад – “Огледало или мегафон“ ) – Твитер повеќе им одговара на младите кои го користат како “мегафон“, додека Фејсбук повеќе им прилега на постарите, на кои им служи како “огледало“. Во двата случаи, често објавите не се мотивирани од автентичната желба нешто да се сподели со пријателите, туку служат како мамец кој треба да предизвика посакувана реакција.

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот