Три пропаднати плана на КГБ

Обидот да се уценува Сукарно со секс снимки

СССР имаше план за светска доминација и за да го оствари тој план се надеваше дека секоја комунисичка земја ќе им помогне. Затоа кога на власт во Индонезија дојде Комунистичката Партија тие сметаа дека имаат сојузник во регионот. Сепак за да можат да го контолираат Сукарно тие сакаа да имаат уште некој адут во раката, а единствена слабост за која КГБ знаеше дека ја има лидерот на Индонезија беа жените. Кога Сукарно допатува во посета на Москва КГБ оргнизира агентки да влезат во неговата соба, во која претходно беа инсталирани камери и да имаат секс со него. Сукарно со голема радост ги прифати агентките на КГБ кои беа маскирани како стујардеси, а тајната служба имаше снимки. Сѐ се одвиваше според планот на КГБ додека не се обидоа да го уценуваат. Него не му било важно дали КГБ го снимале ни тоа што го уценувале дека ќе ги пуштат во јавноста, дури побарал да му направат повеќе копии за да има и за себе.

Планот да се убие Тито

После влошувањето на односите меѓу Сталин и Тито неминовно било да се очекува дека Сталин ќе сака да го уништи Тито. После неколку обиди меѓу кои и на агентите кои го убија Троцки Тито во Москва испраќа телеграма со легендарна содржина „Престани да пушташ луѓе да ме убијат. Веќе фативме петмина, еден со бомба и еден со пушка. Ако не престанеш ќе пуштаме еден во Москва и не ќе мора да пуштам втор“.

Кога овие планови не им успеаа советите станаа малку покреативни. Тие направија посебна бактерија која агент на КГБ требало да ја пушти на дипломатски прием на кој ќе учествувал Тито. Се разбира, покрај Тито ќе страдале и сите дуруги присутни освен агентот на КГБ кој ќе бил претходно имунизиран.

Вториот план е со подарок кој би бил во форма на кутија за накит која кога ќе се отвори испушта смртоносен гас.

Сепак овие два плана никогаш не се реализирале.

Планот на СССР да влезе во САД преку купување на банки

Кога шионите ќе потфрлат мора да се бараат други начини да се добие она што се сака. Така во средината на 70-тите СССР разви план со кој би купила три банки во САД кои имале дадено кредити на индустриски фирми и преку тоа би дошле до американската технологија. За да не биде сомнително тие избраа банките да ги купи бизнисмен од Сингапур. Сепак ЦИА ја стопира продажбата кога откри дека потеклот на парите на бизнисменот води до Московската народна банка.

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот