Трамп може нема да стане претседател

Угледниот професор по право на Харвард, Лари Лесинг, вели дека 30 републикански електори се спремни да го блокираат избородт на доналд Трамп на американските избори.

Тој вели дека тие нема да ја послушаат волјата на граѓаните и нема да гласаат за Трамп.

Лари Лесин, кој и сам беше кандидат за номинација на Демократите им понуди на правна помош на електорите кои би гласале според својата совест и против волјата на граѓаните.

Финтата е во чудниот електорски изборен систем. Граѓаните гласаат на изборите, а потоа електорите кои се избрани претставници на секоја држава го бираат претседателот. Тие обично гласаат според изборот на граѓаните, но никој не може да ги спречи да гласаат поинаку.

До сега само еден републикански електор, Крис Супрун од Тексас, јавно рече дека на 19-ти декември нема да гласа за Трамп.

А професорот Лесинг твди дека има многу повеќе такви електори. За да не биде Трамп избран потребно е да му свртат грб 37 електори.

„Анкетирам три групи кои ги поддржуваат републиканските електори и верувам дека бројоот е околу 30, а најмалку 20“ вели Лесинг.

Интерено е дека Трамп освои помалку гласови од Хилари Клинтон, но победи поради системот на електори.

Досега ниедно електорско тело не ја блокирало волјата на граѓаните. Сепак во 1808-ма година шест електори го одбиле Џејмс Медисон иако требало да гласаат за него. Инаку ако електорите го одбијат Трамп тогаш одлуката се префрла кај конгресот кој треба да избере од тројцата најуспешни кандидати.

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот