Топењето на мразот на Сибир и Гренланд враќа во живот стари бактерии, вируси, билки

ШОКАНТНИ ВЕСТИ доаѓаат од Сибир и Гренланд. Не се толку шокантни ако пратите шо се случува ама сепак... Имено, ледот кој таму е со милениуми почна да се топ, а то е проблем. Голем проблем. Ќе прашате зошто? Да беше смешно ќе речевме дека е лошо затоа што на море ќе треба да одиме во Гевгелија ама не е. Од ледот излегуваат древни вируси, бактерии, билки па дури и животинчиња кои се замрзнати со милениуми.

Уште во 2012-та научниците успеаа да пораснат билка од семе кое било старо 32.000 години и го пронашле во сибирската тундра. Минатата година научниците (веројатно не истите со билката) пронајдоа јајце старо 700 години, а друг тим научници оживеа мов од Анктартикот од времето на Кралот Артур (кое и да е то време, ни беше мака да гугламе).

Сепак тоа е, да се изразиме народски, вагинален дим, во споредба со бактериите. Најстарата оживеала после 8 милиони години мирување. Ова изгледа дека се очекува будење на многу бактерии, а може и Ѓорѓе ќе се разбуди, но сепак не е сѐ така црно. Најголем дел од овие бактерии, баш како и Ѓорѓе, се безопасни.

Покрај опасноста за супервирус кој ќе не уништи сите ова отвора и многу можности кои не се супервирус кој ќе не уништи сите. Па така ќе можеме многу да дознаеме за еволуцијата на Земјата и природата, а со тоа подобро да го сфатиме животот и денешницата.

Прв пат биолозите можат да оживеат организми од други ери и тоа ќе ни помогне да ја сфатиме (добро не нас, туку кој го интересира) еволуцијата на билките и бактериите во текот на илјадници години. Покрај науката, во пракса може да се прошири биодиверзитетот на планетата со враќање на изумрените видови.

Според научниците самата природа го смислила овој механизам па во текот на ледената доба мразот служел како резервоар за семиња, јајца, бактерии, билки и животинчиња и кога доаѓа до затоплување, како сега, тие се ослободуваат со што природата почнува повторно да се регенерира.

Можно е под тој мраз да има бактерии кои ќе го уништат човештвото? Можно е...

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот