Топ пет психо психолози

Омилените негативци во филмовите и сериите, психолозите на екраните и сами добија своја дијагноза. Ви ги претставуваме нам омилените пет психо-психолози.

На медиумите не треба да им се верува. Толку ни е поодамна јасно. Позната ни е медиската фасцинација со менатлната болест, која го следи оскривувањето или пак романтизацијата на истата. Но уште една честа мета е токму оној фин блед човек со мил глас кој седи на фотелјата од другата странаж: психолог.

На страна тоа што фројдијнската психоанализа е единствен вид на психотерапија (од можни 500+ колку што постојат) која и така е вредна за внинание. Изедначувањето на психоанализата и психологијата е само една од многуте митови и легенди кои ја опкружуваат оваа целосно мистериозна професија. Претставата на психотерапевтот како целосно емотивно недостапна фигура која лупа целосно банални здраворазумски предлози за на крајот на часот на извлечат грст новчаници од џепот на клиентот, никако не недостасува.

По правило, медиумите следат пар на испробани рецепти. Вашиот психолог МОРА да биде полуд од вас. Емотивно лабилен, секако полн со сопствени проблеми. Во најмала рака ексцентричен, некако шашав и луд, или едноставно идиот. Има симпатична наклонетост кон крајно неордодоксни пракси и давање на небарани љубовни совети.

Но, го има и она последното, неретко е целосен психо.

Просечен психо-психолог ги чита мислите, инспирира мозоци, ја преиспитува самодовербата, ги прави луѓето зависни од него, со целосно тежнение кон моќ и доминација. Потајно сака да владее со светот. Без грам емпатија, а под закрила на својата професија, од чист садизам дели штетни деструктивни совети додека ви ја крши волјата и ментално ги уништува луѓето околу себе. Поради тоа неизмерно се забавни англиските игри со зборовите psycho–therapist или psycho-the-rapist. Накратко, не може да им се верува.

Впивајќи ги сите овие информации од екранот, човек би помислил дека психолозите се презастапени меѓу сериските убијци, веднаш рака под рака со своите другари чичко доктори. Ова секако е интересно, затоа што криминалистичките истражувања на реалните случаи покажуваат дека бројот на психо-психолози е запрепастувачки: 0 (со букви: нула). Уште повеќе се заоѓаат на листата на професии за кои е најмала веројатноста да бидат психопати, заедно со наставниците и сметководителите.

Сепак... ние ги сакаме овие негативци. Ги сакаме затоа што сите од ред до ред се психо на свој начин, но овде ќе ги рангираме според тоа колку се всушност психолози, односно колку во сопствените психолошки пракси се настроени, изразени со валидна мерна единица “по Фројд“. Ви ги претставуваме нашите омилени психо психолози.

Кетрин (Вулф) Трамел

Дневна работа: писател на крими бестселери

Ноќна смена: љубовница-убиец

Опис: Лесно е да се заборави дека наградуваната писателка и крволочна заводничка Кетрин Трамел има дури две дипломи во џебот: книжевост но и -психологија. Овој аспект на нејзината личност, пак, лесно е отфрлен од колективното помнење со едно нејзино легендарно прекрстување на нозете.

Кетрин Трамел е првенствено олицетворение на Црна вдовица/ Фам Фатал клише, писател на второ, а психо-психолог дури некаде, па, на последно место. Не поради недостатокот на крвопролевање и лед ледени погледи, туку поради неискористениот потенцијал на својата професија. Иако манипулира со љубовниците и со лева и со десна, при што ненадејно завршуваат со кршалка за лед во грлото, нејзиниот модус операнди не е експлоатирање на психолошките механизми на нејзините жртви, туку нешто многу побезлично:управување со својата сексуалност. Патолошки лажго каков што е, Трамел ладнокрвно го поминува тестот на полиграф, и мирно продолжува со својот живот.

Дијагноза: Во Основен инстинкт 2 (за кој инаку би се правеле дека не постои, ама ајде) во кој уништува живот на уште еден тупав психолог, Кетрин Трамел официјално е дијагностицирана како “нарцисоиден психопат“ со преливи на гранична и хистрионично пореметување на личноста. Психологот и понатаму ја опишува како зивисник од презамање на ризик, што е последица на компулсивна потреба да ги преживее работите кои други луѓе не можат и на овој начин ја докажува својата боженствена омниопотенција.

“Имам диплома по психологија, тоа доаѓа само по себе... Игрите се забавни.“

Харли Квин (др Харлин Францис Квинзел)

Дневна работа: психијатар во Аркам, психотерапевт, психотерапевт (завршена школа од психоанализа)

Опис: Како и многу ликови на универзумот на Бетмен, Харли Квин доживеа различни интерпретации во анимираниот филм и стрип. Во стрипот таа е мрачен, психотичен и сексуален лик, додека во цртаната серија (во која оригинално се појави) повеќе е забавна, наивна и наклонета кон емпатија. Изборот на нејзиното интересирање за психологија се наоѓа во нејзиното растурено семејство, поточно во таткото кој се занимавал со шарлатанство. Од секогаш покажува интерес за екстремни личности кои ги смета за речиси гламурозно, според тоа не изненадува нејзината фасцинираност од Џокерот. Во текот на нивните терапевтски сеанси Џокерот со неа манипулира, ја шармира, и Харли брзо се заљубува во него. Му помога да побегне од Аркам, превзема нов кловновски идентитет, станува негова десна рака и заедно станува еден од најинтересните парови-криминалци на фиктивниот свет.

Дијагноза: Харли Квин е тешко да се дијагностицира, но добро е да се каже дека таа не е писхопат. Опсесивно е заљубена во Џокерот (кој пак во неа гледа само оружје кое може да се искористи), за што не постои официјална диганоза во припрачникот DSM. Освен ова, Харли не покажува исто однесување како жртви на партнерското насилство, го рационализира неговото злоставување, за кое тој го обвинува себе или Бетмен, ја преувеличува неговата и најмала манипулативна наклонетост, цело време се надева дека работите ќе се променат, дека Џокерот навистина ја сака и дека ќе се ожени со неа. Колку и пати да ја оставил на цедило или дури и лично се обидел да ја убие, таа му се враќа на најмал миг.

Иако таа самата не е психотична, можеме внимателно да заклучиме дека овде на дело е folie a deux, феномен во кој делузивна особа (Џокер) влијае и ги пренесува своите уверувања на друга особа со која е во близок контакт, често изолирама.

“Соочи се со тоа Харл, ова е ужас: ти си сертификуван лудак, барана во 12 држави и очајно заљубена во психопатски кловн.“

Плашилото (др Џонатан Крејн)

Дневна работа: универзитетски професор по психологија на стравот, специјалист по психофармација, психијатар во Аркам

Ноќна смена: луд научник, мафија-бос

Опис: Како што е случајот со Харли Квин, др Џонатан Крејн доживеа многу промени, особено по прашањето на своето минато. Постојат различни приказни: бил злоставуван во училиште од страна на други деца, вонбрачно дете е одгледано од страна на фанатично религиозната баба, сурово го исмеала првата љубов, отпуштен е од факултет кога при првата демонстрација на страв случајно пукал во студент, за потоа не така случајно да ја убие целата управа... Во еден од неговите први појавувања во стрипот во далечните 40-ти, како причина зошто се свртил кон криминалот се наведува за да има повеќе пари за да купи книги – што не е пофално, но е ни цел за која сосема го осудуваме.

Сепак, подоцна како предоминантна мотивација не се наведени парите, туку чист научен интерес. За разлика од претходницата на оваа листа, ова др Крејн го прави сосема солиден психо психолог, и тоа истражувач. Додека работел во лудницата на Аркам, вршел тајни нехумани експерименти на затворените пациенти на кои ја тестирал употребата на сопствениот токсин стравот. Пред и самиот да заврши како пациент во Аркам, секако. Мајстор за манипулација и исклучителен познавач на стравот, Плашилото е недоволно користен како противник за еден емотивно нестабилен херој како што е Бетмен (ве упатуваме на текстот “Психичкиот свет на Бетмен“).

Дијаноза: Иако е саркастичен и паметен, за него задолжениот психолог не ни верува дека навстина е клинички пореметен, туку дека само му е “лошо“. Опсесивен е по прашање на своите истражувања, а сите кои му стојат на патот се само колатерална штета. Покажува садистички црти, затоа што влевањето страв во коски кај другите луѓе наскоро му станува занимација сама по себе. Нарцисоидноста на Крејн се гледа и во неговата желба од него да се плажи целиот свет – тој е само суштински несигурна особа, поради што алтер егото Плашило му служи како копинг механизам со кој воспоставува контрола и супериорност над другите преку нивниот страв. Имаше спекулации на фановите дека е и подвоена личност, но ќе  веруваме на стручноста на дијагностичарите од Аркам.

“Ја почитувам моќта на умот над телото – затоа и се занимавам со ова што се занимавам.“

Др Оливер Тредстон

Дневна работа: форензички психијатар

Ноќна смена: сериски убиец Bloody face, креатор на фин кожен мебал

Опис: Следниот добар доктор на листата е др Оливер Тредсон од втората сезона на Американска хорор приказна, Asylum. Во 60-тите години на дваесетиот век во лечењето на ментални пореметувања не отиде многу далеку од викторјанските формули на ставање на знак на еднаквост помеѓу гревот и менталната болест. Менталната болест се уште цврсто е поврзана со социјално неприфатливи однесувања, како и со искривени сфаќања за женската сексуалност. Во едно вакво опкуржување, др Оливер Тредсон се појавува како згоден анѓел-чувар и бранител на правата на заробените.

Ето ни уште еден научен човек! Во текот на целата серија Тредсон е единствен кој повикува на човечки третман на ментално заболените, дури и наведувајќи го принципот на Скинер за позитивно поткрепување. Гледама еден реален психолог на дело: неговите коментари вообичаено се добро истражени психолошки концепти. Осудувајте ги бруталните пракси, како ледени купки, лоботомија и електроконвулзивна терапија. Добро, можеби спроведе аверзивна терапија за да и помогне на лезбејката Лани да ја промени својата сексуална ориентација, но во негова одбрана, во тоа време оваа пракса била врв на науката и хуманоста.

И тогаш – ТРАС!

Не, сепак е психопат. Мора да биде. Секако.

Рекреативно носи маска направена од човечко лице, со цела коса и заби. Во домот свој од човечки костури прави чинии за бонбони, од човечка кожа абажури за ламба. Што е уште ново. Сепак, ако прогледаме низ прсти, затоа што ова, на крајот од краиштата е Американска хорор приказна, во кој поентата и е поигрување со клишеата на хорор жанрот и истражување на најголемите архетипски стравови.

Дијагноза: Иако не е препознаен во прирачникот DSM, синдромот на напуштено дете најдобро одговара на неговата клиничка историја. Најприближно може да се опише со гранично растројство на личноста, со оглед на неговите длабоко вкоренети проблеми со приврзаност и бес. Како шлаг на тортата, некрофил.

“Јас сум очигледно луд. Ќе бидам институционализиран. Во најлош случај, ќе проживеам долг живот во затвор. Можеби ќе започнам и некои групни терапии. Само бог знае колку пореметени поединци се наоѓаат зад решетките.“

Др Ханибал Лектор

Дневна работа: психијатар, форензички психолог, психотерапевт, се знае и се умее

Ноќна смена: сериски убиец, канибал

Опис: Генијалниот, софистициран прихијатар Ханибал Лектор стекна интернационална слава со своите впечатливи навини во исхраната. Како момче, преживеал траума кога руските војници, криејќи се во Втората светска војна во неговата семејна куќа, поради смртно гладување ја распарчиле и ја изеле неговата помлада сестра Маша. Тогаш се почнува.

Имавме прилика да го гледаме, како зад решетките, како прав форензичар, и помага на младата агентка од ФБИ, Кларис Старлинг да го фати вториот психопат кој не му е ни до колена, за на крајот и сам да побегне од заробеништво во една од најдобрите крвави сцени во филмот. Од скоро, благодарение на серијата Ханибал, во брилијантна изведба на Мадс Микелсен, добивме една млада и свежа верзија на Ханибал, во е психијатар, исто онолку колку и канибалистички готвач и убиец, што немавме прилика да видиме во инаку брилијантната изведба на Ентони Хопкинс во Јагнињата.

Било да го гледаме како и “помага“ на својата сакана Кларис, или како се “труди да му помогне“ на генијалниот, но психички ранлив Вил Грејем, Ханибал мајсторски се поигрува со нивниот ум, емоции, манипулира со се што се и ги обликува по својот лик. Како експерт Ханибал победи на полето на етиката, затоа што успева да го прекрши буквално секое етичко правило кое е задолжително за практикантите.

Дијагноза: ?

Иако практично важи за прототип на психо-психолог, креаторот на ликот на Ханибал Лектор нагласува дека ни тој не е всушност психопат. Доказ за ова е што Ханибал има способност за вистинско емотивно врзување за луѓето, па дури и од љубов, за што сведочи неговиот однос кон Вил, Кларис, г-ѓа Мусаки и сестрата Миша. Сепак, ќе бидеме толку слободни да му потпишеме  нарцисиоден и антиссоцијално пореметување на личноста. Дури ни канибализмот не води кон засебно пореметување во DSM. Како и поголемиот број канибали, Ханибал не е психотичен – сосема е свесен за она што го прави и моралните импликации. За разлика од поголемиот број на вистински случаи на канибализам, кај него нема сексуална компонента или социјална осаменост, што го прави атипичен скоро во секој поглед.

“Анкетарот за попис на населението, еднаш се обиде да ме тестира. Му го изедов џигерот со малку грав и фино кјанти.“

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот