Тажни вести: Брокулата е здрава, многу здрава

Според најновите испитувања се дојде до заклучок дека треба што почесто да јадеме зеленчук. Тоа и не е баш весела вест за оние кои сакаат храната да им има вкус. Уште поневесела вест е што посебно треба да јадеме брокули.

Научниците од Универзитетот во Вашингтон нагласуваат дека брокулите го успоруваат стареењето па сега целото човештво е пред дилема дали да старее достоинствено јадејќи нездрава храна или да не страрее, а да се храни само со брокула.

Експериментите направени на глувци покжауваат дека никотинамид мононуклеидот, во понатамошниот текст НМН може да го забави појавувањето на мускулно коскени потеѓкотии кои се јавуваат во подоцнежниот живот. Покрај ова брокулите се одлични за функционирањето на црниот дроб.

НМН е поврзан и со подобрување на метаболизмот, поспоро редуцирање на густината на коските и помалку изразено слабеење на функциите на очите во подоцнежните години.

НМН покрај во брокулата има во големи количини и во зелката и во авокадото.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот