Таму каде природата е најголем непријател: Најсмртоносните места на планетата

Светот е полн со опасности од природата, од вулканите до поплавите и бурите, но од сите опасни зони на земјата, кои се најсмртоносните? На кои места на планетата човечкиот живот е најзагрозен?

Водата, воздухот, оганот и земјата се елементи без кои не можеме да го замислиме животот. Меѓутоа, може да бидат немилосрдни и да го загрозат човечкиот живот. Ви ги претставуваме најопасните места низ светот:

Вода

Теснецот Салстраумен во Норвешка стекна репутација на застрашувачки поради најсилната струја на светот и спреставува еден од најмоќните светски вители. На Малдивите, група на ниски острови во Индискиот океан, наречени се „преодни острови“ поради тоа што се подложни на порастот на ниво на морето. Ризикот се зголемува секоја година, како што нашата клима се менува. Најопасно е секако кога нивито на водата започнува да расте за време на цунамите и бурите.

Дури 71% од цунамите се случува во Тихиот океан. Најопасното цунами во поновата историја се случи во 2004 година после земјотресот кој го погоди брегот на Суматра во Индонезија. Индискиот океан на кој цунамите однесе над 280 000 животи во 15 различни земји. Иако бројот на жртвите е исклучително висок, ќе ве изненади фактот дека дури и повеќе луѓе го изгубиле својот живот во поплави од реки, пишува ВВС.

Поплавата на реката Јангцекјанг во 1931 година, убила милиони луѓе иако официјалните подадоци ја намалуваат штетата.

Воздух

Езерата Ниоус и Киви на границата на Демократска Република Конго и Руанда се нарекуваат езера убијци. Тие се наоѓаат на подрачјата на вулканските активности во кои јаглен диоксид избива од дното на езерот, а во текот на ерупциите на вулканот експлодира од дното на езерото и формира облак.

После две ерупции во 1980 година, се убиени и повеќе од 1700 луѓе и 3500 животни (воглавно стока) во Камерун.

Сепак, не се само гасовите она што може да убие. Кејп Денисон на Антарктикот е најветровитото место на земјата, а сезонските бури предизвикуваат разорувања во населените подрачја низ светот. Најсилните бури се наоѓаат одолу толите океани северно и јужно од Еквадорот. Овде ветриштата се засилени со промена и притисокот и тоа доведува до ротирачкиот Кориоилисов ефект поради кој настануваат урагани, циклони и тајфуни. Кога се работи за таквите бури, Хаити се смета за најзагорзен остров на Карибите.

Светскиот извештај за ризиците од природните катастрофи на Универзитете на Обединетите нации направиле список на земји кои се најзагрозени од природни катастрофи, со оглед на својата изложеност и неотпорност. Вануату, островската држава во јужниот Тихи океан, се наоѓа на врвот на листата.

Земја

Ако постои една работа која ги поврзува најсмроносните дестинации на светот тогаш тоа е тектонската активност. Земјината кора се состои од подвижни плочи кои се поместуваат, а потенцијалната енергија која се создава меѓу нив поминува низ копнени пукнатини и произведува сеизмички бран кој ја тресе површината на земјата со насилни потреси.

Осум од десет вулкански најзагорзени градови на светот се наоѓаат на Филипините. Најсмртоносниот земјотрес е забележан во 1556 година во Шенсију, а проценетиот број на жртви бил над 800 000.

Градовите кои се подложни на земјотреси како Лос Анџелес и Токио, користат најнови архитектонски достигнувања за да ги заштитат своите, како граѓани, така и градби. Според листата на најзагрозени градови од природни катастрофи се наоѓа Филипини која не лежи само на појас на оган, туку и во област на тајфуни.

Оган

Тектонските движења создаваат вулканска активност. Повеќе од 200 000 луѓе починале како последица на вулкански ерупции во последните 400 години. Како „најсурово место на светот“ се опишува Афарската депресија во Етиопија која можеби има и најголема вулканска активност на светот. Просечната температура овде наводно е 34,4 степени целзиусви, што го рпави едно од најтплите места на земјата. Меѓународен тим на експерти исто така наведоа дека Индонезија е на самиот врв на најголеми ризици од вулканска активност.

Вулканот Тамбора, на островот Сумбава во Индонезија убил 70 000 луѓе во 1815 година. Ерупцијата предизвикала климатски аномалии во 1816 година, поради што е наречена догина вез лето. Тоа била една од најголемите вулкански ерупции во поновата историја. Изменетата клима довела и до глад и јавување на разни болесни кои однеле многу човечки животи. Вулканот Мерапи во 2010 година предизвикал смрт на околу 350 луѓе, но десеттина илјади се спасени со навремена евакуација.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот