Тајни друштва – Окултната и мистична организација „Туле“

Друштвото Туле било германско окултно и политичко тајно друштво. Основано е во Минхен во 1918 година.

Неговите учења и доктрини се всадени во самата срж на нацизмо, а историските факти зборуваат дека и самиот Адолф Хитлер на многу начини го поддржувал ова друштво.

Друштвото Туле го основал германскиот окултист Рудолф фон Себотендорф во 1918 година како минхенски огранок на тајното друштво „Германенорден“ односно Редот на Тевтонските витези, основано во 1912 година.

Фридрих Крон, член на Друштвото Туле во 1920 година му предлага на Хитлер знак на кукаст крст како заштитен знак за неговата Националсоцијалистичка германска работничка партија.

Друштвото името го добило по митската земја Хипербореја-Туле (во хиндуските легенди се нарекува уште и бел остров), за кое верувале дека некои членови на друштвото го поистоветиле со Исланд и Гренланд, за кои верувале дека се остатоци на митската Атлантида. Друштвото било во тесен контакт со „теозофистите“. Тврделе дека жителите на Туле ја преживеале катаклизмата, па така станале подземни надлуѓе, односно супер раса. После катаклизмара, прво мигрирале на запад (мслејќи на западот на Индија), потоа во пустината Гоби, и на крај во Тибет, нивните духовни ментори се повлекле во скриениот духовен центар наречен „Асгард“, подземен град. Овие суштества во хинду-будистичката традиција се познати како „Лами над сите Лами“ или „Кралеви на светот“ кои можат да се контактираат само по духовен пат. Симбол на овој „господар“ е токму фамозната свастика, која ја симболизира „средишната моќ на Небесниот скапоцен камен“. На преминот на векот, терминот натчовек го прифатиле многу филозофи, посебно Фридрих Ниче.

Целта на друштвото било да се разбие бариерата меѓу т.н. „малиот себе“ – кој се состои од физичката реалност и (по напредување во нивниот внатрешен круг) моралните окови, за да дојдат во контакт со „божественото себе“ во невидливиот свет на духовите. Тоа на крајот ги овозможоло достигнување на „универзални енергетрски полиња„ кои во човекот ги разбудиле заспани внатрешни моќи и овозможиле развивање на надчовеки фисички особини и способности кои некогаш биле обележје на гордата ариевска раса.

Друштвото Туле барало дисциплина и слепа и без прашања послушност на просветлениот Мајстор, без оглед на неговите барања, за да се створат предуслови за лична трансформација. Себетендорг тоа го нарекол Фиреров Принцип, па го измислил формалниот поздрав за „толку добар човек“: „Зиг Хајл“.

Друштвото прокламирало очекување на одбраниот човек, на кој ќе му се предаде.

Кога Хитлер се придружил на друштвото, Дитрих Екарт изјавил дека дошол тој ден, па почнал Хитлер да го запознава со минхенските окултрни кругови, преставувајќи го како „долго очекуваниот спасител“.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот