Тајни боемски друштва: Синовите на Ли Марвин на Џим Џармуш

Некаде во 80-тите година на минатиот век, Џим Џармуш го основа тајното друштво "Синовите на Ли Марвин", особено познат по филмовите "Cat Ballou", "The Killers", "The Dirty Dozen" и "Point Blank".

Еден од членовите на ова тајно друштво е и Том Вејтс, кој за Ролинг Стоунс во 1986 година, го опишува  дека клубот е "нешто помеѓу клуб на канадски елени и Оскар наградите".

Единствен услов за влез во клубот е да се има физички изглед што уверливо личи на Ли Марвин, односно како негов син.

Освен Џармуш основачки членови на тајното друштво се актерите и музичарите Том Вејтс, Џон Лори, Ричард Боус. Ник Кејв којшто Џармуш го познавал од времето кога живеел во Берлин, бил примен за член откако случајно бил заменет за брат на славниот режисер. Режисерот Џон Брумен е почесен член, а останати  членови се Иги Поп , Нил Јанг, Турстон Мур, Џош Бролин.

Членовите на друштвото се собираат повремено, наводно да ги гледаат филмовите на Ли Марвин заедно.

Џим Џармуш вака ја објаснува идејата за создавање на друштвото:

 - Се започна пред неколку години кога имав идеја за филм каде Ли Марвин ќе глуми татко на тројца синови кои се мразеа еден со друг, а тој беше алкохоличар којшто живееше во штала. Тоа беше една од оние идеи кои постепено стануваа се поинтересни за мене, и тогаш дознав дека Марвин преминал на другата страна.

За организацијата го изјавил само следново:

- Не смеам да откријам информации за и околу организацијата, освен да кажам дека таа постои. Можам да идентификувам тројца членови на организацијата – Том Вејтс, Џон Лори и Ричард Боус. Мора да имате структура на лицето со која може да бидете роднина или син на Ли Марвин. Очигледно нема жени во организацијата. Имаме соопштенија и тајни состаноци, освен тоа неможам да зборувам за тоа.

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот