Свадбените обичаи во Северна Кореја

Кога правиш свадба во Северна Кореја тоа не е само свадба меѓу младенците туку и свадба со владата и партијата. Во Северна Кореја не се фрла бидермаер туку се носат цвеќиња на спомениците на Ким Ил Сунг одма после церемонијата.

Свадбените фотографии исто се прават пред спомениците иако малденците не се натерани на тоа тие чувствуаат обврска. На 15-ти и 16-ти април не се вршат церемонии на склопување на брак затоа што тоа се родендените на поранешните лидери.

Повеќето церемонии се традиционални. Малденците се облечени во традиционални облеки, а роднините на невестата доаѓаат во домот на малдоженецот каде што ги чека храна и алкохол. Работниците и фармерите кои не можат да си го дозволат тоа изнајмуваат храна од пазарите па кога ќе се сликаат со богатата трпеза ја враќаат назад.

Побогатите често доаваат пари како поклон, а подарок во долари се смета како статусен симбол.

Вообичаено е на церемонијата да има жив петел и кокошка во чии усти се ставаат цвеќиња, а на другиот крај чили.

Партиските службеници од повисоко ниво често прават свадби во ВИП деловите на хотелите во Пјонгјанг, а младоженецот секогаш добива часовник.
Во земјата не постојат медени месеци па сопружниците наредниот ден се враќаат на работа.

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот