Сталиновиот Фотошоп

Пропагандата и цензурата се стари колку и самата политика, а во случајот со Советскиот Сојуз, режомот често прибегнувал и кон „разубавување“ на фотографии.

Многу пред било кој да можел да замисли постоење на компјутери, а уште помалку средства за измена на фотографиите, раните мајстори на „фотошоп“ во Советскиот Сојуз, работеле нешто поинаков вид на пропагандна машинерија, попозната како држава.

Тие не само што правеле официјални форографии, туку се враќале и на старите и ги менувале во согласност со моменталните потреби на режимот.

„Како и нивните колеги во Холивуд, ретуширачите на фотографии во СССР поминувале по неколку часови разубавувајќи ги фотографиите“, вели Дејвид Кинг во воведот на својата книга „Комесарот исчезнува: Фалсификувани фотографии во Сталиновата Русија.“

Несовршеното лице на Сталин, барала посебно исклучителни вештини на професионалците. Меѓутоа, во текот на Големата Чистка позната како Големиот Терор (низ на кампањи на политичка репресија и прогон кој се случувале во Советскиот Сојуз во периодот од 1936-1938) се појавила и нова техника на обработување на фотографии. Покрај физичкото уништување на политичките противници на Сталин од страна на тајната полиција, новата техника на ретушитање подразбирала и бришење на неговите противници од сите фотографии.

Користејќи алати кои и денес изгледаат исклучително примамливо, советските „фотошопери“ правеле некогаш познатите особи да исчезнат и создавале фотограии кои го претставувале Сталин како „единствем вистински пријател, другар и наследник на Ленин, водал на Болшевичката револуција и основач на СССР“. Сето тоа барала сериозна спретност со скалпел, лепак и четки.

На тој начин, Сталин можел да нареди од историјата да се избришат сите оние другари кои сметал дека се нелојални и кои обично биле погубени поради тоа. Некои од таквите се Николај Иванович Јежов, советски политичар и разузнавач, Николај Антипов, народен комеасар, Сергеј Киров, еден од најистакнатите политичари на СССР.

Оваа пракса се продолжувала и со Советската вселенска програма. Астронаути кои привремено се избришани од историјата се Валентин Бондаренко, кој погинал во пожар во тек на вежба, и Григориј Нељубов, кој е исфрлен од програмата поради недолично однесување, а подоцна „извршил самоубиство“.

Зад Сталин не заостанал ни другиот комунистички диктатор, Мао Це Тунг, кој исто така од фотографиите ги бришел луѓето кои му паднале во немилост.

 

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот