Совети за возење од Југославија

Имате машина за патување низ времето и сакате да патувате во Југославија во 80-тите? Ок. Ваша е машината не ви се мешаме ваша е одлуката. Но ако таму возите автомобил еве кои совети треба да ги знаете за сигурно слушање музика во автомобилот.

1. Музиката која, без шега и претерување, предизвикува побрза работа на срцето треба да се избегнува.

2. Лоша навика е во исто време да го уклучувате и касетофонот и да го палите автомобилот.

3. Секако не се препорачува слушање на музика во градска гужва.

4. Слушањето на звуците на улица е дел од сигурноста во сообраќајот.

5. За аудиофилите подобро е да го слушате звукот на вашиот мотор отколку Бјело Дугме или возвишениот Бах.

6. Звукот во автомобилот не смее да доминира. Ако радиото трешти како ќе ја слушнете милициската свирка или звучниот сигнал на железничката рампа?

7. Слушајте вести и информации кога возењето не е динамично затоа што тоа го разбива чувството за изолација во автомобилот.

8. Музиката е добредојдена кога пред вас е широк и рамен пат, времето е убаво, а пред вас е долг пат.

9. Пазете до диско музиката за да не ви заигра ногата на педалата во ритамот на Траволта.

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот