Со едно прашање можете да откриете многу за другите луѓе

Луѓе. Не можеш ни со нив, не можеш ни без нив. А мораш да си во интеракција со истите. Кога си во интеракција треба да знаеш со кого разговараш.

Е тука е финтата. Има еден трик кој ќе ви открие многу за луѓето што не ги познавате доволно.

Дастин Вуд е професор по психологија на Вејк Вуд Универзитетот и објаснува дека постои еден магичен трик за разбирање на другите луѓе.

Ако некој гледа позитивно на светото околу него тој човек е задоволен и емотивно стабилен. Ова не го измислил самиот професор туку тоа го покажало неговото истражување од далечната 2010-та година.
„Вашата перцепција на другите луѓе открива многу за вашиот карактер. Ако позитивно ги гледате другите тоа ги открива и вашите позитивни особини“ вели Вуд.

Истражувањето открива дека позитивното гледање на другите луѓе е во корелација со задоволството од сопствениот живот.

Значи ако некој зборува негативно за другите луѓе тоа укажува дека таа особа не е задоволна од сопствениот живот. Или другите се шупаци.

А како да ја примените оваа техника?

Само прашајте ги луѓето што мислат за некој или нешто. Може да биде најопшто, прашање за колегите, прашање за работното место и слично...

„Негативното гледање на другите луѓе укажува на депресија и други пореметувања на личноста“ додава Вуд. Така луѓето најчесто ги проектираат своите особини на другите луѓе.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот