Со дрога до диплома

Кога зборуваме за дрогата, ретко се споменуваат стимулативните дроги, чија цел не е психофизичко опуштање, т.е. рекреација, туку оние кои ти го напрегнуваат мозокот за да добиеш што повеќе од него. Едно да дувате трева за полесно да ја преболите разделбата со партнерот, а друго за да постигнат повисоко ниво на креативност.

Исто така постојат стимуланси кои помагаат за концентрација и стануваат се популарни меѓу студентите.

Мислам со толкав притисок на факултетите, можеби е дури разбирливо консумирање на дроги на рецепт.

Производите на билна основа кои може да се купат во аптека, ги земав уште во гимназија додека се подготвував за матура. Еден против стрес, еден за смирување, еден за спиење и два-три за концентрација. Се тоа голтав со литри и литри кафиња, пушејќи Марлборо лајт едно пакување дневно. Колку имав, 17 години? Моите не забележуваа, а искрено не бев ништо полош од врсниците.


Адерал

Имам роднина кој живее во Америка, и секако има девојка Американка, Шенон, висока русокоса на раб на анорексија, опседната со јога и смути од кељ. Нејзината сестра, Ешли страдала од познатиот ADD (Attention Deficit Disorder); лажна дијагноза за деца кои “страдаат“ од недостаток на концентрација, нешто што мојата баба би го лечела со “земи метла во раце, па нема да ти е досадно“.

Ешли, секако, како и секој тинејџер не сакала да ги зема лековите, а Шенон брзо ја грабнала кутијата Адерал ноќта пред да оди на капмусот од колеџот. Една кутија чинела 50 долари и требало да трае месец и половина, но Шенон имала друг план. За да го финансира лечењето на испитниот стрес со медицинска марихуана, продавала таблета Адерал за 20 долари, а потоа купувала трева. Како што доаѓаше секој викенд во град о кампусот, еднаш јас и мојот роднина ја фативме како гледа пет часа снимки на јутјб за хороскоп. Пет. Часа.

Делуваше малку забегано, очите и беа ширум отворени, и ни раскажа се за Сатурн и за неговите активности, како да е најискусниот астролог во Колорадо. Кога ја прашавме до каде е со испитот по хемија, само пребледе и рече дека целосно заборавила затоа што читала месечен хороскоп кога лекот и удрил во глава.
Ни предложи да тргнеме со неа на следната сесија и следно што знам е дека хороскопот е нешто најважно, ако не и најважната работа на оваа планета (а и вон неа). Каков хороскоп, сакав да бидам астронаут и да откријам ко ги контролира планетите и како. Морав се да знам за секој знак, па ние тројца ги здруживме силите и апсолвиравме се што може да јануари 2013 година.

За жал. немав испити во Америка, но сега ми е малку појано зошто сите тие така лесно добиваат петки. Не само што е лесно, туку и полесно се помни кога лекарот ти даде лек за намалена концентрација. Мјот татко би ми кажал: “Факултетот го завршува задникот, не главата“ и не би ја видел светлоста на денот додека не ја научам цела скрипта напамет.


Модафинил

Неколку месеци подоцна, во посета на другар ми Милутин, во Англија, го запознав Џејмс, син на англиски дипломирани фармери кој од првата година на студирање го одржува своето silver-ranked место во League of Legends.

Тој работеше по првото правило на дилање: Don't get high on your own supply.

Во животот не зел никаква нелегална супстанција, а од легалните традиционално уживаше во пиво, веќе од рано попладне, кога другарите му доаѓаа на дружба и дување.

Поминаа веќе два месеви откако испитите им беа завршени, а на масата и понатаму стоеше шишенце со две таблети внатре. Го прашав што е тоа.

- Ма ајде, како не знаеш? Па за концентрација, ги чувам уште две во случај да морам да одам на поправен.

Милутин се смее и ме гледа: - Нема такво кај нас, ајде објасни му на братот што е, ајде можеби ќе се навлече како и ти.

Џејмс ми објаснува: Модафинил се добива само преку рецепт и наменет е за пациенти кои боледуваат од нарколепсија. Лекот се смета за стимулант на централниот нервен систем и спречува поспаност во текот на дневните часови.

Може да се купи или нарача преку легални сајтови или од земјите каде не треба рецепт. Smart drug, како што го викаат Англичаните, макар што Џејмс вели дека тоа нема да ти го промени IQ-то, туку само ќе ти даде сила и волја да се концентрираш на предметот. Сите земаат, од бубалиците, до оние кои никогаш не стапнале на предавања.
- Брате, кога ќе земам една, не само што не можам да дочекам да одам во библиотека, туку ме мрзи да одам на пиво после, и останувам до 1,2 насабајле и заборавам да јадам. Девојките посебно ја сакаат, затоа што ем се паметни, ем слабеат, а не гладуваат. Но, мораш да внимаваш, еднаш читав цел sub-Reddit за теориии за заговор за Титаник. Знаеш дека никогаш не потонал? Тоа се било поради парите од осигурувањето.

Милутин ги преврти очите и вели: - Ете гледаш? Пак лекот го удри во мозок.

Размислувам, па ние кои го немаме тоа кај нас, зарем тоа не е лажење? Ем ни се факултетите потешки, ем не се признати, а сега и ова. Единствен проблем е што Модафинилот е скап. Една кутија е околу 70 фунти, што е нешто повеќе од 100 евра. Пак таа разлика меѓу сиромашните и богатите студенти.

Другите лекови како што се Риталин и Декседрин, исто така се користат за лечење на ADD.

Додека некој трошат пари на тутори или скапи скрипти, други се задоволуваат со кутија лекови и на тој начин вложуваат во своите студии. Нешто како Limitless, па да одите на испит.

Некој да ти понуди од левата рака мала бела таблетка од која ќе ги знаеш сите прашања на испитот, или ќе ја избереш празната десна знаејќи дека веројатно ќе паднеш на испит, ќе ја изгубиш стипендијата и не ќе ги разочараш само родителите, туку и себе.

Бројни текстови на интернет тврдат дека секој од нас има специфичен мозок, и дека исти хемикалии не делуваат на ист начин кај секој од нас и дека кај некои ефектите можат да се доживотни. Се сомневам дека студентите желни за успех ја разгледуваат таа можност. “Тоа секогаш им се случува на другите.“

Секоја генерација има свои дроги, а нашата, која се случува во една од најлошите економски кризи, за жал е навлечена на дрога која води кон подобра диплома, подобра работа и секако, подобра плата.

А здравјето? Па...

На тоа прашање (уште) немам одговор.

Виа

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот