Снобизам – како да го препознаете и да се одбраните од снобот?

Снобизмот не е движење или став, не ни поза, ни револт, туку синдром, дијагноза која е прелесно да се постави.

Снобизмот во времето кога поимот настанал бил карактеристичен за меѓукласното движење, искачување од пониска во повисока класа по пат на, пред се образование, а потоа и заслуги, манири, богатство. Од таму доаѓа и самиот корен на зборот сноб – sine nobilitate, што во буквална смисла преведено од латински значи: без племство.

Овој префикс, с.ноб, е пишуван пред имињата на студентите на елитните британски универзитети, кои не доаѓале од благороднички семејства.

Денес, кога не можеме да зборува за меѓукласно движење во изворна смисла на зборот, уако тоа не значи дека живееме во бескласно општество, снобизмот се огледува во некоја поделба на луѓето во однос на музиката која ја слушаат, политичките уверувања кои ги делат, нивото на образование, богатството, урбаноста. Материјалистичките снобови, религиозните снобови, естетските снобови, ако сите тие ги знаете и среќни сте што не сте ни во едни од нив, голема е веројатноста дека припаѓате на една друга група, група на интелектуални снобови.

Како да препознаете сноб?

Снобот ги користи сите околу себе, како свои додатоци, своите парнтери, своите деца, своите кучиња. Се наметнува со репрезентативни познаници и со роднини како и со своето потекло, доколку е тоа репрезентативно, ако не е, го заборава, како и нерепрезентативните роднини, провинцијата, паланката, селото, акцентот, средното име, презиме, името на првиот комшија, разликата помеѓу кокошка и препелица, мирисот на шталското ѓубриво во врело летно попладне, дискотеката во која сите меѓусебе се препознаваат.

Многу често снобот го напушта своето место на раѓање за да влезе во патот на успехоѕ во белиот свет каде луѓето ќе го ценат по она што тој навистина е. Го гуши родната грутка и знае дека никој не е пророк во своето село. За жал, пречесто се враќа назад со мало жалење за неиполнетите соништа и право до крајот на животот сите окплу себе да ги гледа од високо.

Кога е во прашање храната со која снобизмот се заситува, нема никакви ограничувања. Се на што можеме да сме горди е потенцијалната причина да се однесуваме во манирот на снобот. Тоа може да е политички успех, и место во општината, како и добродетелство кое сме направиле, моралната чистота на ортодоксните верници, истрајноста во вегетаријанството, музиката која ја слушаме, филмовите кои ги гледаме, кафулињата во кои излегуваме, ниските страсти кои ги немаме, возвишеноста и едноставноста  кон која тежнееме. Секој триумф над еден вид на гордност раѓа нова гордност поради самиот триумф.

Колку длабоко некој може да влезе во снобизмот, а за тоа да не е свесен, е и односот кон децата. Нема потреба да се осврнуваме кон очугледни примери на скоро збогатени кои своите деца ги испраќаат во приватни школи, на курсеви на јазици, балет, и сл.

А додека нема деца, добро можат да послужат и кучињата. Со педигре, секако.

Постојата и оние кои мислат дека се подобри од другите и постојат оние кои знаат дека се.

Сте слушнале за тиквата која се покондурила, дошла до пари, опшетствен статус преку ноќ и сега замислува дека подобра од другите. А всушност не е. Вие знаете дека не е така, знаете дека нека е подобра од вас и знаете дека некои работи не се стекнуваат преку ноќ и дека вие имате работи за кои тиквата може само да сонува. Знаете дека таа е само сноб и затоа сте подобри од неа. Но, тоа не ве прави сноб, нели?

Нови можности за модерните снобови

Денешното општество е материјалистичко и транспарентно во смисла во која на секој му е овозможено со помош на социјални мрежи бар во кругот на своие пријатели има 5 секунди слава додека ја претставува новата фризура, досетка, девојка. Социјалните мрежи направија без никаков обзир и срам да им наметнуваме на своите пријатели информации без никаков обѕир и срам за тоа каде пиеме каде, кој филм го гледаме, со кој сме на шопинг.

Можностите за самопромоција и создавање на барем илузирен култ на себе си, денес се достапни на секој. А тоа што луѓето не се воздржуваат се да сведат на материјалистички поседи е резултт на импровизираниот став дека богатството не причинител, туку плод и резултат на  егзистенцијалната супериорност. Материјалното, така, не е замена за вистинските вредности туку мерка за сите вредности. Кој не се снашол, тој не ни заслужува да успее.

Не е потребно да се биде академски експерт за социјални феномени за да се увиди дека снобизмот секогаш оди рака под рака со дискриминацијата. Магазините се полни со прашања, што е in, а што е  out, како треба да се облекувате, која музика да ја слушате, на кои манифестации да се оди. Некој од висина ќе го гледа сирмашниот комшија кој нема пари за летување во Египет, некој својот другар од клас, затоа што никогаш не слушнал за Radiohead.

Суштината е иста. На оние кои по нашиот систем на вредности се над нас им се воодушевуваме и кон нив тежнееме, останатите ги дикриминираме – стари, грди, необразовани, сиромашни, неспособни. Борбата која започнала со почетоците на демократијата, обид е на неблагородништвото со образование и стил да се изедначат со аристократијата, па дојде до степен во кој секој се дефинира според она што го идвојува и благодарение на што може да се каже дека се наоѓа во некоја посебна елита.

За жал, потрушувачкиот систем подразбира дека уште од мали од децата правиме консументи кои својот идентитет го дефинираат според работите кои се купуваат, ајфон, марката патики, ценовникот на школата за странски јазици, висината на членарината за тенискиот клуб, а во случај материјализмот да не е доволен, во случајот парите да се мрило коие го превземаме, ќе пронајдеме друго.

Но, да се сетиме на Албер Ками: „Да се верува во среќа без пари е еден вид на духовен снобизам.“ Духовен, интелектулен или материјален, снобизмот полесно се воочува отколку што се чува подалеку од себе.“

Значи, снобизмот се јавува тогаш кога потеклото престанува да биде пресуден момент за општествен статус. Поединците, во тежнението да ја одредат својата припадност на посакуваната груоа, градат свои системи на вредности и на основа на нив донесуваат суд за другите. Така и се однесуваат кон нив, со обожавање или со презир, вечно наоѓајќи се на некоја средина.

Се стана можно во нашиот демократки век, па и тоа дека во апсолутниот релативизам на вредности, од само себе познати причини, сите други ги гледате од високо. Меѓутоа, постои и реална опасност во моментот кога вредностите се согледуваат од демократкса перспектива (значи, секој вкус и секое мислење е исто вредно) некој да биде обвинет за снобизам само затоа што со малку подобар вкус, малку пистенчено мислење, малку избран речник.

Дали се наоѓаме во реална опасност да бидеме прогласени за снобови, ако кичот го наречеме кич, демагогијата демагогија, патетиката, патетика?

Во масата е топло, ама смрди, рече Крлежа, а да се каже вистината во очи на луѓето не е популарно, Тиранијата на поголемиот дел подразбира и понекоја непопуларна етикета кога ќе се обидете да останете свој и да го заобиколите полесниот пат. Помалку или повеќе, на крајот помирете се со тоа, дека во очите на другите сте само еден обичен – сноб!

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот