СМРТОНОСЕН ПАРАЦЕТАМОЛ: 5 начини како Парацетамолот може да ве убие вас и вашето семејство

Фармакомафијата дрско посегна по животите на милијарди Македонци со тоа што пушти Парацетамол со смртоносен вирус во него! И вие сте цел на валканата игра на фармакомафијата за депопулизација на планетата Земја со што би имало помалку луѓе и таа индустрија би пропаднала и не би морале да работат. Но благодарение на интернетот нивнот загадочен план е откриен! Наинвна фармакомафија, требаше вирусот да го стави во Дијазепам.

НЕ, НИЕ ВИ БЛАГОДАРИМЕ ВАЛЕНТИНА!

Но ова во никој случај и со големи букви ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ, не значи дека сте сигурни. Сеуште Парацетамолот може да ве убие и вас и вашето семејство. Како, сигурно се прашувате? Еве начини како Парацетамолот може да биде смртоносен!

1. Ако го пиете со Доместос

Ова е таканаречена јавна тајна. Ни на упатствата на Парацетамол, ни на Доместосот не пишува дека овие две компоненти не смеат да се мешаат. А погодете што? Тоа не ви го кажуваат ни аптекарите кои се школувани во масонското дувло Факултет за фармација! Зошто? Затоа што може да им застанете на патот во остварувањето на Новиот светски поредок! Како што се вели во истражувањето на Заводот за биоенергетика и здрави тревки кои растат покрај шините „Баба Рада“ од Малме комбинацијата на Парацетамол и Доместос може да создаде мачнини во желудникот.

Мачнините се најмал проблем. После овие мачнини следува уништување на пепсинот и желудочната киселина која го штити желудникот, а со тоа настапува болна и бавна смрт! Валстите кои се поврзани со Новиот светски поредок и се само негови марионети ги кријат овие податоци од јавноста за да не настане вистински револт, но како што изјавуваат некои независни блогери, во Шведска скоро и да нема повеќе луѓе затоа што сите се затруле од оваа комбинација. Да повториме, ни на Доместосот, ни на Парацетамолот не пишува дека не смеат да се мешаат! Зошто големите медиуми го кријат ова од нас? Ради профит се разбира!

2. Сигурна смрт

Истиот независен Завод за биоенергетика и лековити тревки кои растат крај шините „Баба Рада“ од Малме објави шокантно истражување. Според нивните наоди доколку сте конзимирале Парацетамол со диводородомонооксид вашите шанси да починете се 100% во наредниот еден век. Ова истражување нема да го најдете на ниеден поголем медиуми! Ова е само уште еден доказ дека Парацетамолот е создаден да ве убие, не да ве лечи. Како што јауваат некои извори ова не е случајно. Ова е доброосмислена теорија на заговор меѓу фармакомафијата и ја погребната мафија. Првите ви продаваат навидум лек за да ве убијат, а вторите откако првите ќе си ја завршат работата ви продаваат опрема за да ве спакуваат и да ве погребаат. Се разбира ова не би било можно со нив да не соработуваат и нивните локални платеници и пци на профитот аптекарите и гробарите! Пазете!

3. Варијации на смрт

Фармакомафијата, како што знаеме, е лукав играч затоа треба да ги отворите девете шеснаесет и да го заштитите семејството! Нормално сега нема да одите и да купите Парацетамол, освена ако не сте суицидални, ама што ако ви подметнат нешто друго? А? „Далерон сакате?“ може да ве праша милозвучен глас на ангелско лице од другата страна на шалтерот во аптека. И вие наивни, нормално дека сакате и БАМ за 50 години сте мртви!!!

Аматерска грешка. Фармакомафијата најде начин како да ви протне Парацетамол под друго име и сега создравје да си го носите, шо би се рекло. Името друг, составот ист. Лисици, волци! Само по вашиот живот посегнуваат! Затоа пред да купите нешто прочитајте го составот.

4. Кемтрејлс или дробен парацетамол?

Покрај психолошкиот ефект кој треба да го постигнат со секојдневното летање на авионите, а треба во вас да ги разбуди вродените парапсихолошки стравови на Втората светска војна и да ве испаничи, тука е ефектот врз здравјето на она што некои го нарекуваат кемтрејлс, а во основа е само дробен парацетамол кој го испуштаат во јоносферата и после вие и вашето семејство го дишете.

Авион испушта дробен Парацетамол врз Пехчево

Прскале против комарци, а на одмор пак ве касна комарец. Секој ден лет до Виена, а вие не знаете никој што бил во Виена! Плус кој има пари секој ден да лета во Виена? Овие се прозирни и веќе прочитани финти на фармакомафијата чија цел е да ве навлечат на Парацетамол со тоа што веќе вие преку трагите на небото и воздухот го вдишувате. Пуштаат мали количини само за да ги надразнат нервите и со тоа од вас да направат еден вид зомби чија цел е само конзумирање на Парацетамол и прерано умирање. Зошто нивните авиони немаат назнаки од ниедна агенција? А? Малку храна за мозок.

5. Котели со Парацетамол

„Есен стига дуњо моја“ рече наивно Балашевиќ, а со есента стигаат и други работи. Како на пример болештини. Низ школите настиники. Случајно? Курац мој случајно, да ми извините. Школите треба од децата да направат само послушни робови за Новиот светски поредок, да ги дехуманизираат за да можат да извршуваат секакви наредби од елитите без да поставуваат прашања. И сега таму случајно настинки. И скроззззз случајно лек за настинка што е? ПАРАЦЕТАМОЛ И ВИТАМИН Ц!

Ако веќе не ви е јасно што се случува еве ќе ви објасниме: Фармакомафијата преку своите инсталации во образовниот систем пушта вируси на настинка меѓу вашите најмлади и најмили со што младиот организам така покосен и немоќен пред течењето на носот, а со тоа губењето на есенцијата на животот - водата и високата температура од 37,2 во очај бара олеснување од таа агонија, а единствено олеснување му е она што го убива - ПАРАЦЕТАМОЛОТ! Така од најмали нозе ги прават зависни на оваа ѓаволска таблета и после по 70-80 години сигурно ќе починат! Се надеваме дека ви е појасно!
СВЕСТЕТЕ СЕ!

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот