Славој Жижек: Сите ние во основа сме зли, егоистични, одвратни

Сите ние во основа сме зли, егоистични, одвратни

Да го земеме на пример, мачењето. Јас сум реалист. Да имам ќерка и некој да ја киднапира и да го најдам парнерот на киднаперот, не можам да речам дека не би го мачел тој тип.

Со тек на време станав поагресивен

Некои велат дека сум десничар, што апсолутно не сум. Околу бегалската криза, би требало да престанеме со љубезната изјава „Тие се топли луѓе“. Не, меѓу нив има убијци исто како што има меѓу нас. Либералната левица забранува да се пишува нешто лошо за бегалците, што резултира со монопол на анти-имигрантската десница.

Не сум добар татко

Има нешто глупаво во докажувањето на моето достоинство на кое автоматски му се спротиставувам. Мојот син тинејџер се поистоветува со ова  уништување на мојот сосптвен авторитет. Кога имаше 14 години, се налутив на него и го опцув: „Да ти е*ам мајка“. Ми одговори: „Тоа веќе се слуќи пред 15 години. Така се родив.“.

Пријателите ме викаат Фидел

Не поради политиката, туку затоа што премногу зборувам. Еднаш кога бев на Куба и на тв го прикажуваа Фидел на почетокот на еден состаок како зборува: „Другари, пет минути само за пар напоменувања“. Отидов да спијам, се разбудив после пет часа, а тој уште зборуваше.

Ја мразам политички коректната ароганција

Со црните пријатели, за разлика од политички коректните белци остварувам вистински контакт. Како? Преку валкани приказни, несолени шеги. Кога ќе посетите друга држава, играте игри на комјутерот за вашата интересна храна или музика, но како навистина станувате пријатели? Ќе размените мал простотилак.

Не сум човек за врска за една ноќ

Во мојот град Љубљана можете точно да видите со кои жени сум спиел, затоа што со нив сум се оженил.

Би било ужасно да се каже дека ја сакам ИСИС

Но погледнетеја само нејзината организација со нејзиниот постмодерен флуиден идентитет. Во исламот постои една еманципациска андерграунд тенденција: одличен муслимански историчар на филозофија развил теорија дека Тома Аквински погрешно го читал Аристотел под влијание на исламските поети како Авицена, што отворил пат за современоста, правата на хомосексуалците, итн.

Моите родители не беа строги, но беа авторитативни

Не ги сакав. И двајцата умреа во болница навечер. А кога дознав за тоа наредното утро преку телефон, веќе седев на комјутерот и работав. Реков: „Дали е се е завршено? Ок, фала“ и продолжи. Бев целосно ладен – тука нешто не штимаше. Не сум горд на себе си поради тоа.

Холивуд знае сѐ

Опседнат е со дистопии. Навистина мислам дека денешните млади треба да се подготват за голема катастрофа, но вклучувајќи се во добро разгледани локални, секојдневни борби, а не да се бега во морализам.

Пишувањето ми го спаси животот

Години порано, поради лични љубовни проблеми, неколку седмици размислував за самоубиство. Си реков себе си: „Можам да се убијам, но морам да го завршам текстот. Прво ќе го завршам, па потоа ќе се убијам. Потоа се случи уште еден текст, па уше еден и уште еден и еве ме се уште тука.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот