Скопје Синема Сити ве повикува на дружење

Ве известуваме дека во периодот од 15-19 јуни, во киносалата на Кинотека на Македонија ќе се одржи третото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“. Тоа е фестивал којшто е организиран од граѓанското здружение Номад-Арт во соработка на Кинотека на Македонија.

Фестивалот на својата програма прикажува документарни филмови чијашто главна тема е музиката, без оглед на жанрот или годината на продукција, со цел да создаде едно богато музичко искуство и патешествие. Една од целите на фестивалот е да го прикаже богатството на денешниот музички свет, изразен преку музичките документарци.

Изминатите две изданија Фестивалот ги започнуваше со посвета на големи музички имиња како Дејвид Боуви и Леонард Коен, со чии документарни филмови и изложби почнуваа овие изданија, за после да следат филмови за најразлични уметници или жанрови, како Ник Кејв, Лед Цепелин, Пинк Флојд, Џој Дивижн, како и филмови од домашната продукција – за Влатко Стефановски, Културно-уметнички работници, Сеад Хаџиќ Сецко.

Оваа година Фестивалот му оддава почест на германскиот бенд Крафтверк, пионерите на  електронската музика, со чијшто документарен филм „Поп Арт“ на режисерите Ханс Росашер и Симон Витер ќе се отвори Скопје Синема Сити. Тоа што ќе следи во петте дена на фестивалот се музички филмови од светот на џез, поп, рок, електронската и класичната музика. На изминатите изданија Фестивалот започна соработка со британскиот национален сервис BBC, a оваа година таа соработка продолжува и понатаму, со нови филмови, а се отпочна соработка и со американскиот национален сервис PBS се со цел за поразновидна и поквалитетна понуда.

 

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот