Скандалозните љубовни афери на познатите сликари

Светот на уметноста често бил исполнет со љубовни афери. Од денешен агол, скоро ништо од ова не делува толку скандалозно. Меѓутоа, ако се оддалечиме и се обидеме да ги замислиме периодите во кои се случувало сето ова, ќе можеме подобро да сфатиме што е тоа што ги вознемирувало пристојните граѓански духови.

Ова се дел од љубовните приказни од светот на уметноста, кои во тоа време биле прилично шокантни.

Мен Реј и Кики де Монтпарнас

Кики во најмала рака, била слободен дух. Како тинјеџерка започнала да позира гола и била честа гостинка во париските кафулиња и ноќни клубови. Фотографот и сликар Мен Реј го привлекол нејзиниот боемски живот, па Кики станала не само негов модел туку и љубовница.

Иако во времето кога ја запознал Кики, повеќе не бил со белгиската поетеса Адон Лакроа, Ман се уште бил официјално оженет. Подоцна ја оставил Кики и премина на помлад модел Ли Милер, но пред да ја остави создал неколку дела со неа како модел.

Пабло Пикасо и Марија Тереза Валтер

Добро е познато дека Пабло Пикасо бил “женкар“. Ја запознал Марија тереза кога имала само 17 години, а тој 45. Брзо и сериозно се заљубил во оваа млада убавица која инспирирала многу негови дела.

Зошто оваа љубовна афера била толку скандалозна, освен разликата во годините? Пикасо бил оженет со Олга Коклова, која неколку години не знаела за оваа афера, а со марија Тереза имал и дете.

Пабло Пикасо и Франсоаз Гијо

Како што е веќе речено, Пабло ги сакал жените. Бил и со Дора Мар-жената која дошла после Марија Тереза- да не споменуваме дека уште бил официјално во брак со Олга.

Во вистински Пикасо стил, ја запознам дваесетедногодишната Франсоз Гијо и поради неа ја оставил Дора Мар. Дора завршила со нервен слом. Франсоаз и Пикасо биле зљаедно неколку години и имале две деца.

Филипо Липи и Лукреција Бути

Филипо Липи бил италијански сликар, сираче кој пораснал во машкиот манастир Санта Мариа дел Кармине. Тој бил и кармелитски монах. Меѓутоа, тоа не бил пат по кој сакал тој да оди.

Се заљубил во Лукреција Бути која инспирирала многу негови дела. Ова претставувало голем скандал затоа што и таа била калуѓерка. Откако и двајцата се одмонашиле, се венчале и добиле син.

Рембрант и Хендрике Стофелс

Жената на рембрант Саскија ван Уленбург починала млада на 29 години, оставајќи го зад себе својот син. Во тестаментот навела дека Рембрант не може поворно да се ожени, доколку сака да има пристап по фондот кој го оставила на име на нивниот син.

Тоа глемиот сликар секако не го спречило да има љубовница. Хендрике, дваесет години помлада од него, влегла во неговиот живот како домашна помошничка, станала негова муза, а потоа и љубовница. Останала бремена, а за луѓето во тоа време, тие живееле во грев.

Рафаело и Маргарета Лути

Рафаело Санти бил познат како “женкар на своето време“. Бил верен со Марија Бениена, а паралелно имал низа на љубовници.

Една од најпознатите му била Маргарета Лути, позната како La fornarina. Иако за нејзиниот живот не се знае многу, таа навистина позирала за многу негови дела, вклучувајќи го и погоре споменатото дело. Рафаело починал неоженет на само 37 години. Се верува дека починал од сифилис.

Џексон Полок и Рут Клигман

Полок бил оженет со уметничката Ли Краснер се до својата смрт 1956 година, Сепак, поради своето опивање и своите љубовни афери со помлада жена, Рут Клигман, Ли го напуштила и заминала во Европа во 1956 година. Рут била во колата со Полок кога се удрил во дрво после целовечерна пијанка, таа единствена преживеала.

Џон Раскин, Ефи Греј и Џон Еверт Миле

Скандалозниот љубовен триаголник на викторијанскиот период, Ефи Греј, на дваесет години се омажила за Џон Раскин. После неколку години брак Ефи добила поништување. Сепак, пред поништувањето на бракот, Ефи била модел на Миле, што довело до заљубување. Една година после раскинувањето со Раскин Ефи и Миле се венчале и добиле деца.

Луцијан Фројд и лејди Каролин Блеквуд

Уште еден женкар, сликарот Луција Фројд (бил внук на Сигмунд Фројд) имал голем број афери во текот на својот живот. Многу од нив му донеле и деца, најмалку 14, со некои проценки имал дури 40 наследници.

Според тоа, воопшто не е чудно што бил вплеткан во скандалозни љубовни афери. Додека бил во брак со Кити Гарман, ја запознал 18 годишната Каролин Блеквуд, се заљубил и се развел од Кити. Каролин и Луцијан тајно се венчале во 1953 година. Никакво изнендаување не е фактот дека ни тој брак од страст не траел долго.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот