Сите освојувачи на медал од Русија ќе добијат по еден џип

И покрај забраната за настап на голем број спортисти кои беа вмешани во допинг скандалот, руските спортисти успеаа да соберат еден куп медали на Олимписките игри во Рио.

Со 19 златни, 18 сребрени и 19 бронзени медали Русија е четврта земја по успешност на овие Олимписки игри, а се тоа сега ќе им се исплати и на спортистите.

Кремљ се покажа великодушен за овие Олимписки игри па така секој добитник на медал ќе добие по еден џип. Зошто е избран БМВ пред Лада Нива не е јасно, но како и да е, за златен медал се добива БМВ Х6, за сребрен БМВ Х5, а за бронзен, скромно, БМВ Х3.

Клучевите спортистите ќе ги добијат кога Путин ќе реши да им организира пречек.

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот