Сите книги за самопомош во само пет точки

Книгите за самопомош можат да бидат корисни во некои ситоации. И во нив може да се најде по нешто паметно што ќе ви помогне да преминете преку некои проблеми или да го подсредите животот.
Но има многу проблеми со нив. Многу се слични една на друга, многу се глупи, а мудрите делови од нив се обично скриени во купот со небитни факти.
Тоа го сфатила и Сузи Мур, која е научничка, а прочитала над 500 книги за самопомош од кои ги извадила најважните лекции.

1. Прифатетe одговорност

За да го добиете животот кој го сакате ќе треба да преземете одговорност за вашиот живот. Заборавете на родителите, минатите врски, шансите кои сте ги пропуштиле или оние кои никогаш не сте ги добиле. Вашиот живот зависи само од вас.

2. Можете да бидете кој сакате

Нивото до кое ќе ги користите ашите можности и таленти зависи само од вас. Сепак на крај треба да ги користите за да им помагате на другите. Имате одговорност да бидете успешни колку што мислите дека можете да сте.

3. Важно е како размислувате

Се чувствувате ужасно? Тоа во голема мера зависи од тоа за што размислувате. Добра работа е што можете да го промените начинот на размислување.

4. Ценете се

Би требало да сфатите дека сте вредни само затоа што постоите такви какви што се. Не морате ништо да правите. Доволно е да сте тоа што сте и да го цените тоа.

5. Постои повисока сила

Мур вели дека за овој заклучок нема сите да се сложат, но тој е еден од најважните заклучоци во 500-те најпопуларни книги за самопомош. Треба да сметате на виша сила. Бог, среќа или како сакате да ја наречете. Поентата е да работите најдобро што можете и тогаш имате право да очекувате дека некоја виша сила ќе ви помогне да ги остварите своите планови.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот