Што значи ако ти падне паричката?

На ова прашање кое по пат на технологијата на Инбокс ни го постави Марјан Ц. од Виница запрашавме неколку еминентни стручњаци и институции кои се бават со значењето на паѓањето на паричка во мазник во првата недела од месецот јануари. Еве што кажаа тие за моџо.мк - забавната рубрика на Кукуречани Aлгемајнецајтунг.

Мајка - Да дипломираш. Ако си дипломиран/а да се вработиш. Ако си во работен однос да добиеш покачување. Ако имаш висока плата да имаш милиони

Татко - Да се иселиш годинава

Баба - Ќе си фатиш дечко/девојка. Ако имаш дечко/девојка ќе се земете. Ако сте земени ќе имате дете. Ако имате дете ќе имате уште едно. Ако имате две ќе имате и трето. Ако имате трето ќе имате и 47-мо

Прабаба - Кај ми се апчињата и зошто сум тука?

МПЦ - Рабинот или рабињата Божја кај која што ќе се падне паричката од Бадниковата погача ќе го следи Божјата љубов во текот на целата календарска година. И на Бадниковата трпизеа внимавајте да не паднете во замката на цревоугодието

ИВЗ - Немаме коментар

Асоцијација на македонски атеисти - Се разбира дека тој чин не значи ништо и науката досега нема потврдено дека со паѓањето на паричкта се подобрува среќата на тој што ќе му падне. А не постои ни среќа. Се може да се објасни со наука, но немаме време да ви објаснуваме

Никола Груевски - Доколку паричката оваа година падне кај мене тоа значи дека следува добра година за цела Македонија

Зоран Заев - Доколку паричката оваа година падне кај мене тоа значи дека следува добра година за цела Македонија

НБМ - Немаме толкување за самиот чин, но би сакале да напоменеме дека монетите треба да се вратат во финансискиот систем на државата откако ќе поминат празниците

Бурекчилница Перо - Ако ти падне парето е добро, значи вработените не заборавиле да стават едно во мазникот што си го купил од нас. Ако нема паре не враќаме пари и не даваме нов мазник

Кладилничар - Оваа година ќе ја затворам кладилницата!

Рибар - Ќе трза годинава! Ако имам среќа ко ќе одам на риби како за еколошка катастрофа ќе ме има на телевизија!

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот