Што Стивен Кинг мисли за „Сјаење“ од Кјубрик

Делата на американскиот писател Стивен Кинг, често се адаптирани и претворани во некои од најдобрите филмски остварувања на светската кинематографија. Меѓу нив се вбројуваат: „Бегство од Шошенк“ на режисерот Френк Дарабонт, „Зелената милја“ на истиот режисер, „Остани со мене“ на Роб Рајнер и „Сјаење“ на Стенли Кјубрик.

„Сјаење“ се смета за најголемо остварување на овој автор што е голема титула со оглед дека Кјубрик е вистински мајстор на својот занает. Но, Кинг смета дека тоа е прилично бледа адаптација на неговиот роман.

Кога во 1980 година, филмот ја имаше својата премиера, писателот, тогаш на 28 години и на почетокот на својата кариера не сакаше да се изјаснува, но 34 години подоцна, со исклучителна кариера зад себе, во интервју за Ролинг Стоунс, рече дека филмот очигледно им се допаднал на чуѓето и дека никој не ги разбира неговите приговори.

Според зборовите на Кинг, неговиот роман е топол, а филмот е ладен и додека книгата се завршува во оган, крајот на делото на Кјубрик е на снег и мраз. Додека ликот на Џек во романот се труди да биде добар, но како што поминува времето се повеќе луѓе завршуваат во целосно лудило, во филмот, според мислењето од Кинг, тој е луд од првата сцена.

За ликот на сопругата на Џек, Шели, замери дека на филмското платно е претворена во кујнска крпа која вреска, наспроти неговата намера да биде олицетворение на силен мајчински карактер. Јунаците на Кјубрик се како мрави во мравјалник, вели Кинг.

Не треба да се заборави дека филмот и книгата се два различни видови на уметност, дека имаат поинакви правила по кои настануваат и дека затоа не е можно исто да уживате и во едното и во другото „Сјаење“.

Секако, ако не сте Стивен Кинг.

 

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот