Што можете да дознаете за некоја земја врз основа на лицето на премиерот

За некоја земја можете многу да кажете само врз основа на тоа кој владее со неа. Речиси пет месеци откако даде оставка на местото премиер и понатаму за секунда ќе заборавите дека Дејвид Камерон повеќе не е на чело на Велика Бријатнија. Човекот кој ги обележа последните неколку години на штедливата Британија и власта која заговараше намалување на потрошувачката и ги укинуваше повластувањата за младите, истовремено шегувајќи се со тоа како лидерот на опозицијата ка врзува машната и ја пее државната химна. Гордон Браун симболизира некој вид на тажна малодушност, Блер беше олицетворени на оптимизмот кој подоцна стана големо зло и го претвори неговото име во левичарска навреда, додека Тачер остана симоним за смртоносниот удар врз индустријата кој ја потресе Британија до темел.

Но. колку можете да дознаете само гледајќи ја фотографијата на премиерот? За уметникот од Амстердам Гунеј Сојкан, еден толку едноставен концепт му помогнал да изгради табела на променливи лица на лидерите во групи на земји, како што најдобро демонстрирал со совјот проект “Лицето на нацијата“. А се почнало од земјата од која потекнува, Турција.

“Изборните резултати од 1 ноември 2015 години беа големо изненадување за опозицијата“, вели тој. “Се обидов да ги разбрам причините зошто Ергоган победи со огромна разлика и покрај контроверзноста на владините постапки. Една од  тие работи кои ги сфатив е дека однесувањето на луѓето во текот на гласањето е многу емоционално: избраните лидери на земјуте се одраз на нивното општество. И за мене тој одраз не се однесува само на идеи, туку и на самата личност на лидерот. Сметам дека луѓето обично гласаат за лидери со кои можат лесно да се идентификуваат.“

Затоа тој одлучил да состави визуелен запис на лиѓето избрани да ја предводат земјата – во која и да е демократска мерка – во последните 50 години, создавајќи некој вид на колажна фотографија која го илустрира протокот на времето во земјата врз основа на дел од лицето на сите нејзини поранешни лидери. Резултатите варираат, од ситни фрагменти на мажи во бурната политичка атмосфера во Турција до морбидниот континуитет во Северна Кореја.

Речиси е многу лесно да се состави колаж од лицата на лидерите во оваа земја. Има само тројца и припадници се на исто семејство. Но едно е интересно – најпопуларните портрети на овие лидери речиси се идентични. Сите прикажуваат мажи од ист агол, со исти наочари и многу слична фризура. Пропагандата на Северна Кореја не остава простор за сомнеж дека идеалогијата на нивниот прв лидер се продолжува преку неговите наследници.

Некои други земји имаат свои мотиви. “Официјалните претседателски фотографии кои ги објавува Белата куќа се секогаш исти – човек свртен на десно и се насмевнува дирекно во објективот“, вели Сојкан. “Во меѓувреме, руските лидери се прикажани во многу сериозна поза која дава впечаток на моќ“.

Во Јужна Африка, можете да следите како црнечката земја преминува од владеење на малцинството на белците во владеење на Африканскиот национален конгрес после независноста.

Но што е со земјите кои овде не се застапени? “Мислам дека сите овде повеќе или помалку се свесни за се што се случува во нивната земја. Значи, дури и ако вашите соседи не се меѓу глобалните политички “суперѕвезди“ и понатаму ќе ги знаете нивните политички лидери. И дел од тие политички играчи ќе играат одредена улога во вашата перцепција за таа земја“.

Која се ќе се собере, овој проект е вистинска медитација на тема историја. Можете да ја следите хомогеноста на лидерите од поголемиот дел на земји – најголем број мажи, главно од иста етничка група, и да се запрашате што тоа ви зборува за остатокот на граѓаните на дотичната држава. Гунеј сликите ги симнувал од интернет, така што ова не фото-репортажа, туку прилог на моќта на личната перцепција. За него Турција е со највпечатлива приказна и фрла светло на неодамнешните изборни шокови кои оваа година се случила во Велика Британија и САД.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот