Што кажува за тебе твојата тетоважа

Трајбол

На почетокот на милениумот беше диџеј, носеше куси портокалеви пантолони и пушташе еуродиско. На плажа им викаш на децата и жената.

Каде си сега: Во кафана, зборуваш за тоа како пред 15 години беше диџеј, носеше куси портокалеви пантолони и пушташе еуродиско.

Знак за бесконечност

Посебен цвет си. Како и сите други. Можно е да работиш во банка, можно е да имаш блог за поезија. Се чувствуваш како слободна душа.

Каде си сега: Споделуваш инспиративни цитати на Фејсбук.

Името на детето

Сакаш сите да знаат дека имаш ебено.

Каде си сега: Кај и да си не ебеш

ЈНА

Го остави некој босанец да ти шара по кожата со игла.

Каде си денес: Вероватно чекаш ред за резултати од испитување на крвта.

Марија

Не се викаш ти Марија

Каде си сега: Каде и да си ни жена ти не се вика Марија

Нота

Музиката е твоја љубов. Најчесто невозвратена затоа што во твојата карера најголем успех се плакатите кои ги прави синот на газдата од кафаната во која што пееш.

Каде си сега: Во кладилница.

Опрости мајко, све су жене курве

Разочараност помешана со турбофолк и ракија резултира со вакво сакатење за цел живот.

Каде си сега: Каде и да си, неженет

Што и да е на глужд

Сакаш тетоважа ама не сакаш да знаат од дома. Затоа се истетовира на глужд и дома седиш по чорапи.

Каде си сега: Дома, по чорапи

Икона

Иако тетовирањето не е по верата твојата вера е поголема од верата. Седум години одеше во теретана за да биде иконата поголема. Во наредните седум планираш да ставиш иконостас.

Каде си сега: Каде и да си има дете што е зад тебе и не е сигурно дали треба да остави десет денари или да шета со свеќа по тебе

Само Бог може да ми суди

Не си правник.

Каде си денес: Сигурно не на правен факултет

Хороскопски знак

Веруваш дека местоположбата на ѕвездите влијае врз тоа што ти се случува во животот и давашпари за тумачење на астралните карти. Дома имаш и тарот карти кои не знаеш да ги работиш, но се сликаш со нив за Инстаграм. 

Каде си денес: Под ќебе затоа што на хороскоп ти пишуваше дека е лош ден ја Јарците

Пердуф

Големи се шансите да имаш постер од Џим Морисон во твојата детска соба (затоа што имаш помалку од 18 години) и да се сметаш себеси дека си стара душа со див дух. Имаш многу слики од природа.

Каде си денес: На школо, имаш тест по математика

Дрим кечер

Девојката од со пердувот се запишала на факултет.

Каде си денес: Дома, не одиш денес на предавање

Грб на фудбалски тим со слаби резултати

Тоа покажува лојалност и доследност. Иако твојот тим никогаш нема да освои ништо важно, а на “дербито“ на истиот одите со еден автомобил сите навивачи ти не се откажуваш од него.

Каде си денес: Во кладилница

Пајак на вратот

Го имаш гледано Ране повеќе од потребното и мислеше дека еден ден и ти ќе си мафијаш. Сега возиш брендиран автомобил и правиш електронски нарачки на супи од големите маркети. Уште слушаш српски рап.

Каде си денес: На работа, јадеш нешто набрзина на паркинг пред Веро

Белегзија

Воглавно мрзлив, но снаодлив човек. Снаодлив си затоа што најде начин да не мораш секој ден да ја вадиш и ставаш белегзијата со тоа што ја тетовира.

Каде си денес: Некаде одмараш

Мали мустачиња на показалецот

Ти изгледаше како супер идеа за собирање на лајкови во 2013-та па се истетовира. Сега носиш фластер преку неа цело време.

Каде си денес: На час, затоа што вероватно си наставничка по англиски во раните 30-ти.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот