Што кажува твоето име за тебе според популарните македонски песни

Никола - На луѓето околу него им се случуваат чудни работи. Можеби е комбинацијата на лаксатив и ЛСД што им ја става во кафето

Тоше - Ех... Љубител на агли од 90 степени, слаб, не доби комплет книги од школото кога заврши осмо затоа што не беше одличен сите години. Од книга, само тоалетна

Дара - Емпатична личност, со проблеми да разликува реалност од фикција. Еднаш повика брза помош поради болна кукла. Денес е на коктели од Дијазепами и Хелекс

Боби - Фин дечко, потенцијално со проблеми со самодовербата поради тоа што нa никому не му е гајле за него како и честото напуштање и тоа што никоја не плаче по него. Поклонитe што им ги подарил му ги враќаат по пошта без да се грижат да бидат барем по препорачана пратка

Марионка - Личи на јапонка. Мали проблеми со идентитетот заради нејзиниот изглед, но откако се запиша на филолошки факултет во Скопје се пронајде и е среќна

Јована, Јованка - Има проблеми со доцнењето поради хобито да седи крај Вардар што влијае на нејзиниот личен живот. Порасната со доминантна мајка која не ја пушта кај либето и таа ќе ги осакати своите деца со желбата за преголема контрола врз нивните животи

Елена - Единица, позната по авангардниот стил на пишување книги од стоење кој е спој на традиционалната литература и алтернативниот израз на творење при што и самиот чин се претвара во своевиден перформанс. Секогаш е предотерана за Илинден

Вера - Жена нонконформист и не се повинува пред опшествените притисоци и дефиниции за што е нормално, слободен дух поради кој е често етикетирана како чудна. Можеби и од таму доаѓа нејзината магнетна привлечност да сé накај себе тера.

Дафина - Своето и здравјето на најблиските го става на пијадесталот на нејзините приоритети. Дури и кога момчето заспива, по што неговиот сон резултира со материјални загуби таа останува смирена и среќна што тој е здрав и жив

Јане - Кротко јагне со бел тен. Мистериозно суштество

Валерија - Полни сте со енергија и често немате време за најблиските што може негативно да се одрази на врската, а другата страна да се чувствува помалку вредно па за да се докаже да добива желба да плива со ајкули

Мите - Добар е со сите иако често се зафркаваат на негова сметка менувајќи му го идентитетот и семејното презиме со глагол што се римува со тупев.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот