Што изборот на последниот оброк открива за вината на осудените на смрт

Што може да се заклучи од последниот оброк кој ќе го изберат затворениците? Потенцијално многу нешта.

На пример, да го земеме примерот на Рики Реј Ректор, осуден на смрт за убиство на полицаец во 1981 година во Арканзас. После овој инцидент, Ректор си пукал самиот во глава и добил оштетување на мозокот. Кога дошло време за погубувањето, Ректор изјавил дека парчето пита кое му е послужено, ќе го чува за “подоцна“. Правниците и претседателските кандидати ( во текот на првата кампања на Клинтон) подоцна дискутирале за тоа дали ректор бил легално при чиста свест кога казната се извршила. Дали само се шегувал дека ќе го остави парчето пита за подоцна или навистина не разбрал дека ќе го погубат?

Но, изборот на последниот оброк може да каже и нешто важно за осудените на смрт: дали тие сметаат дека се виновни или не. Истражувањето на Универзитетот Корнел неодамна укажа дека осудените кои сметаат дека не се виновни три пати почесто одбиваат последен оброк, од оние кои ја признале вината. Исто така, оние кои ја признале вината барале третина повеќе калорични оброци од оние кои се тврделе дека се невини.

Кевин Најфин, првопотпишаниот автор на ова истражување објавено во журналот Laws, смета дека причината е “комфорот“ кој се чувствува во случај на признаена вина.

“Луѓето кои се наоѓаат пред погубување поради злосторство кое не сметаат дека го направиле по се судејќи немаат некој апетит, барем во споредба со остатокот од примерокот. Додека оние кои ја прифаќаат вината до некоја мерка се помируваат со судбината“, вели тој. Еден затвореник кој рекол дека “со мирна душа“ оди на извршување на казната, Најфин заклучува дека токму прифаќањето на вината му овозможило да ужива во последниот оброк.

Најфин и неговите колеги испитале случаи на 247 затвореници погубени во САД помеѓу 2002 и 2006 година, и заклучиле дека над 90% од оние кои вината ја признале се одлучиле за последен оброк. Приближно 70% од оние кои вината ја порекнувале до крај се одлучиле за ист чекор. Од оние кои не се изјасниле за своето злодело, последен оброк сакале 85%.

Секако дека и поголемиот дел од осудените кои тврдат дека биле невини го прифатиле последниот оброк, човек мора да јаде.

Во поголемиот број случаи, не може веродостојно да се знае дали погубените навистина биле невини – против некои од нив постоеле многу големи и веродостојни докази. Најфин тврди дека изборот на последниот оброк треба да се разгледува во легална смисла, макар што не е далеку од таа теза: “Важно е да се има во предвид изборот на последните оброци на осудените на смрт за ретроактивно да се проценат процесите кои довеле до нивната егзекуција“, пишува тој. “Овој пресек на законски истражувања и храната (во некои случаи) бара по прашањето на храната во затворите да се пријде од интегриран, мултидисциплинарен правец.“

Некои луѓе веќе се занимавале со ова прашање. Документарецот “Последната вечера“ од 2005 година тврди дека “постои корелација помеѓу одбивањето на последниот оброк и постхумното оспорување на смртната казна.“

Во некои случаи, статистичките податоци не биле ни достапни. Откако Лоренс Расел Бруер (познат по тоа што со милји влечел извесен афроамериканец со камион) побарал апсурдна количина на храна, а потот одбил да ја јаде, Тексас ги промени своите закони па сега на осудените на смрт не им дозволува избор на последен оброк. “На осудените пред извршување ќе им се служи ист вид на оброк, како и на останатите во нивното одделение“, најави Бред Ливингстон во име на министерството за правда на Тексас  во 2011 година, недолго откако оваа одлука беше донесена, Тексас, да не забораваме, пред неколку години погуби странски државјанин и покрај силното противење на целиот свет.

Често се покажува дека оние кои до самиот крај тврдат дека се невини имаат замерки за својот затвор. Елиас Сиријани погубен во 2005 година, во Северна Каролина, поради убиство на својата сопруга, пред извршување на казната, само рекол: “Од вас не сакам никаков оброк“. Најфин истакнува дека “ако го земеме во предвид дека прифаќањето на традиционалната понуда на последниот оброк сугерира некаков вид на прифаќање од самото погубување, логично е дека луѓето кои не мислат дека се виновни не го сакаат ни тој последен оброк.“

Некои сакаат само последна шанса на системот да му покажат среден прст.

 

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот