Што и да правите, прекинете. Пристигна трејлерот за серијата „На терапија“

„Да знаат пациентите што све ми поминува низ глава, веројатно ниту еден не би се вратил кај мене
никогаш“, е скокотливата реплика на Никола Ристановски и неговиот карактер Д-р Терзиев со која почнува
долгоочекуваниот трејлер за новата македонска серија „На терапија“.

Двеминутниот трејлер дефинитивно зборува многу за четириесет и петте епизоди кои следуваат. Широкиот
дијапазон на емоции, напнатоста и „заразната“ тензија без дилема ќе го разбудат секое чувство освен
рамнодушноста. Се чини дека во меланхоличната соба во која се одвиваат сесиите на Д-р Терзиев и неговите
пациенти, најсветлата точка е неговата лава лампа, а најмирно пливаат рибите во аквариумот.

Низ кадрите може да се вкуси изведбата на низа комплексни карактери и уште покомплексни животни
приказни. Расплаканата Јелена Јованова во улогата на Милена ги соголува своите чувства и буквално и
фигуративно. Висар Вишка во улогата на Гент и Драгана Костадиновска во улогата на неговата сопруга Зана
моќно ја доловуваат тензијата во нивниот брак и се слика и прилика на тоа дека после смеење доаѓа плачење.
Ангела Димитрова во улогата на тинејџерката и пливачка Ивана ги скока сите барања за дозволи. Тони
Наумовски во улогата на војникот Владо плаче исто толку силно колку што провоцира. Во солзи е и Амернис
Нокшиќи во улога на Ана Терзиева, сопругата на Д-р Терзиев. А во сето тоа, единствениот глас на разумот е
Бедија Беговска во улогата на психотерапевтот Д-р Вера Арсиќ.

„На терапија“ започнува со емитување на 18-ти септември на „ТВ Сител“. Ако треба да донесеме еден
заклучок од овој трејлер, тоа е дека со нетрпение треба да ја очекуваме премиерата.
Повеќе детали за серијата се достапни на официјалната веб страна: www.NaTerapija.mk

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот