Шест најстрашни митолошки суштества од целиот свет

Ви претставуваме шест најморбидни митолошки суштества, а откако ќе ги откриете нивните главни особини и “моќи“ ќе ви биде мило што не постојат.

1. Словенската легенда на бесмртноста – Кошеј

Кошеј е дел од словенската митологија и претставува типичен садистички негативец кој киднапира жени, претворајќи се во вртоглаво торнадо и надевувајќи ги да се заљубат во него. Познат е по можноста да се претвори во млад маж кој заведува девојки, а опишуван е како висок и надочовечки слаб маж со одлично здравје кој јава над планините на Русија на својот волшебен коњ. Сепак, во книгите и карикатурите е претставен како стар и исклучително грд човек.

Иако се вели дека е бесмртен, всушност не е. Точно е дека тој не може да биде убиен со конвенционално оружје само со насочување во неговото тело, но секако може да умре тогаш кога же ја убиете неговата душа. Звучи едноставно, но неговата душа (или смрт) е скриена во игла која се наоѓа во јајце кое се наоѓа во патка, а патката во зајак, зајакот во кутија, а кутијата е закопана под дрво. Попрецизно, кутијата е закопана под дабово дрво на мистериозниот остров Бујан, на непозната локација. Значи, практично, ако постои бесмртност тогаш Кошеј е многу блиску до суштество кое ја поседува.

2. Проклетството на алчните – духот Јикининки од Јапонија

Луѓето вон Јапонија веројатно не слушнале за кошмарот познат како Јикининки. Доколку сте помалку алчни, би требало да се плашите можеби и од најморбидното митолошко суштество на светот. Јикиннки е дух на кој некогаш е фрлено проклетство токму поради алчноста, па тој сега се храни со човечки трупови. Во текот на денот, Јикининки изгледа како целосно нормално човечко суштество, а навечер се претвора во чудовиште кое започнува потрага по човечки трупови.

3. Стригои – романски вампири

Во романската митологија, Стригои се проблематични духови на мртвите кои излегуваат од гробовите. Некои од нив можат да бидат и живи луѓе со одредени магични својства. Освен што имаат способност да се трансфромираат во било кое животно на земјата или да станат невидливи, дадена им е можност да ја убиваат жртвата во цицање на нејзината крв, поради што и се наречен вампири. Овие чудовишта обично имаат црвена коса, сини очи и две срциња.

4. Леши – духот на словенските шуми во Источна Европа

Дали некогаш сте се изгубиле во шума? Судејќи според словенската митологија, следниот пат кога тоа ќе ви се случи, би требало да ја свртите својата облека наопаку и да го замените левиот чевел со десниот. Тоа ќе биде единствен начин да му избегате на Леши, мускулестото суштество кое јаде луѓе и ги плаши патниците и ловците. Леши нема своја сенка и поседува способност за менување на висината и тежината. Исто така, леши го менуваи својот глас и имитира гласови на луѓе блиски на оние изгубените во шумата, на тој начин ги наведува во пештерите, ги заробува и ... ги скокотка до смрт.

5. Пешерската вештерка Црна Анис од Велика Британија

Вештерката со сина кожа и долги нокти која живее во пештера врзана е за англиската митолоогија и на тие простори претставува ексвивалент на бабарога. Жена со збрчкана кожа, исклучително остри заби и долги канџи се крие во шуплините на дабовите дрва и посебно задоволство има во фаќањето на деца, чија кожа ја вади и ја става на ѕидовите на пештерата како трофеј.

6. Домовои од Русија

Судејќи според руската митологија, секоја куќа има по еден Домовои кој се крие во подрумот или таванот. Во својот вистински облик тој е мал, брадест маж со изразена влакнест по целото телот и со несразмерно големи стапала. Домовои има можност да се трансформира во човечко битие, мачка, или пес. Домовои сака домот да биде чист, а со оглед на тоа дека руските семејства го сметаат за чувар на куќата и некој кој е пријател на домот, често можат да се видат чинии полни со млеко, каша, тутун, сол или леб оставени за Домовои. За Русите, Домовои, исто така, претставува пророштво затоа што неговото однесување може да ја претскаже иднината. Доколку се смее, раскажува вицеви или игра, може да се очекуваат добри времиња, ако се игра со чешел, се очекува венчање во домот, но ако навечер завива, ви ги гаси свеќите или го видите во одсјајот на своите садови, тој ќе умре што никако не е добар знак за куќата.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот