Северна Кореја можеби печати американски долари

Северна Кореја - сиромашна земја со амбициозна нуклеарна програма. Но од каде добива пари оваа земја во која голем дел од населението гладува? Иако нема точен одговор на ова прашање сепак постои митот дека земјата своевремено почнала да печати американски долари. И не лажни, туку вистински!

Информациите кои доаѓаат од оваа земја се многу контролирани и не може со сигруност да се каже каков е навистина животот во неа. Една од најголемите загатки за аналитичарите е од каде има пари земјата која е херметички затворена и под економски санкции со години да развива нуклеарна програма.

Шверцот под државна контрола на сѐ и сешто па дури и на наркотици е една од можностите кои се споменуваат.

Втората можност е дека севернокорејското раководство печати американски долари познати како “супердолари“ кои се толку добро фалсификувани што не се разликуваат од оригиналите.

Во оптек е голема сума на вакви долари, споре аналитичарите. Во Азија во текот на 80-тите години сиркулирале околу стотина милиони супердолари и континентот е погоден за ваква акција затоа што таму доларот важи за најсигурно средство за плаќање.

Бенџамин Франклин е разочаран затоа што фалсификувате пари

Ако приказната е точна се отвара прашањето за тоа како севернокорејците (кои немаат дипломатски односи со западните земји од 1950-тите години) успеваат толку успешно да ги фалсификуваат доларите.
Одговорот на ова прашање го крие една легенда (која има недостатоци, за разлика од супердоларите).

Приказната почнува во Втората светска војна кога САД имаат милиони војници во Европа. Некои се во северна Африка и одат кон Италија, други во Велика Британија чекаат наредби. А на сите нив треба да им се исплатат дневници. Американската влада ги помага и владите кои се наоѓаат во прогон и војниците на тие влади кои се на ослободените територии во Европа.

Американците брзо сфаќаат дека бродовите полни со пари е покорисно да ги користат за префрлање на луѓе и машини па така одлучуваат да почнат со печатење на долари во Европа. Според легендата овие машини работеле и после војната кога е започнат Маршаловиот план за економска помош.

Откако ја завршиле својата работа САД решаваат дека машините повеќе не се потребни во Европа па едната ја уништуваат, а другата ја праќаат на корејскиот полуостров каде што во тек е Корејската војна во која има голема концентрација на американски војници.

Како што комунистите напредуваат кон југ така тие стигаат до машината за печатење на долари и целата технологија за нивно правење. Сомнежите дека ова се случило се појавуваат во 1970-тите години кога во оптек има многу повеќе долари отколку што САД имаат произведено. Сепак ова е само една теорија, затоа што владата на САД никогаш не призна дека таква машина за печатење на пари се наоѓала на Корејскиот полуостров.

Инаку и доларите од 1950-тите важат и се користат и до денес, па иако сегашните банкноти имаат поголема заштита тоа не значи ништо доколку можете да фалсификувате долари од 70 години.

Колку и да звучи интересно оваа теорија, сепак останува отворена мистеријата како Северна Кореја ја финансира својата нуклеарна програма.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот