Сарма 2.0: Сармата влегува во сендвич

Сарма совршена симбиоза на флората (лозов лист или зелка) и фауната (мелено месо од локалниот месар чие конкретно животинско потекло не се знае). Одлична за ова време од годината, а и за секое друго.

Само што на работа е малку незгодно да одиш со тенџере со сарми и да јадеш сарма на биро. Затоа кретивни Хрвати смислија начин на кој можеш да уќиваш во сармата, секаде.

Прашање на време беше кога на некој ќе му текне ова, Стрит Сарма. Имено Хрватите како спој на традиционалната храна и брзиот живот во 21-виот век смислија сендвич со сарма. Едноставно, сарма во лебче од бело или интегрално брашно. Со ова веројатно ја отворија вратата на пеколот па наредно ќе е сендвич со полнети пиперки, мусака, тавче гравче и слично...

Додека не стигне ова кај нас сендивчот со сарма можете да го пробате во Загреб или да си го направите дома.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот