САД успеаа да го изнервираат Драгиот лидер Ким Џонг Ун

Се вжештува атмосферата на релација САД - Северна Кореја. Иако сеуште е на ниво кога двајца скарани си дофрлуваат навреди на далечина од 20 метри и им е страв да се приближат еден кон друг, не се знае како ќе се одвива натаму. Сега Драгиот лидер Ким Џонг Ун се закани со „највисоко ниво на контрамерки во историјата“. Какви контрамерки ќе преземе останува да видиме. Оваа закана кон САД следува после говорот на Доналд Трамп во Обединетите нации каде што рече дека ако треба потполно ќе ја уништат Северна Кореја.

Ким покрај „највисокото ниво на контрамерки“ го нарече Трамп и „пореметен дедо“, а неговата изјава ја опиша како „нажестоката обајава на војна во историјата.

Сепак не е сѐ така црно според Драгиот лидер Ким Џонг Ун. Тој вели дека ваквата реакција на Трамп значи само едно - дека Северна Кореја е на прав пат.

„Како човек кој ја претставува Демократска Народна Република Корја и во име на достоинството и честта на мојата држава и народ, како и во сопствено име ќе направам сѐ за човекот кој има својство на врховен командант на САД да плати за своите изјави“ вели Ким.

И министерот за надворешни работи на Северна Кореја не остана покусо. Ри Јонг Хо (така се вика министерот) вели дека неговата земја можеби ќе тестира хидрогенска бомба во Пацифичкиот океан.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот